Стомачните мускули се многу повеќе од краткотраен проект. Да се одржат стомачни со „плочки“ бара вежбање речиси секој ден. Но не очајувајте. Еве неколку работи што не се толку тешки, а имаат огромно влијание во секси стомачните.Не се опседнувајте: Стомачните мускули го стабилизираат целото тело и придонесуваат за рамнотежата. Затоа, за нив се корисни вежби што го вежбаат целото тело, а не само стомачни вежби.
Јадете јаглени хидрати: На мускулите им се потребни калории за да пораснат. Вежбањето со силен интензитет е неопходно за согорувањето на мастите и градењето на мускулите. Затоа, во деновите кога вежбате не гладувајте.
Движете се: Дечките со згодни стомачни не одат во теретана секој ден. Но сепак, тие често се движат. Телото не е создадено да седи, и секое движење што подразбира движење на рацете и нозете е и повеќе од корисно.
Сметајте ја храната за гориво: Бидете искрени со себе и јадете онолку колку што ви се јаде. Ако сте седеле на маса осум часа, не треба да јадете многу, доволно ви е да јадете зеленчук и протеини…Освен ако не ви претстои качување на планина по работното време.
Спијте 7 до 9 часа: Недоволниот сон не само што го стопира процесот на накачување мускулна маса, туку и прави да се дебелееме. Едно истражување покажало дека луѓето што спиеле помалку ослабнале 50% помалку од оние што ја имале истата диета и спиеле повеќе.
Јадете протеини со секој оброк: Протеините прават мускулите да пораснат, но и побрзо да заздрават по вежбањето и затоа е неоподно да ги јадете на секој оброк.
Немојте да јадете преработена храна: Ваквата храна се вари многу побавно и телото апсорбира многу повеќе калории. Ако телото во моментот нема потреба од енергија, ги претвора во масти и ги складира за понатамошна употреба.Не се опседнувајте: Стомачните мускули го стабилизираат целото тело и придо