Овие 7 работи пластичните хирурзи ги кријат од пациентите!

Колку пати сте се прашале дали естетската хирургија навистина делува?На овие прашања искрено одговорија некои од најголемите експерти од оваа бранша.
-Жал ни е, но не постои третман што целосно го отстранува целулитот: Со овој познат третман се користи инвазивен ласер, а многумина не се ни свесни дека секој пат постои ризик од инфекција. Освен тоа, резултатите воопшто не се импресивни.
-Спијте на грб! Ова е најдобрата работа што можете да ја направвите ако сакате да се ослободите од брчките на лицето. Ако спиете на страна, добивате брчки на онаа страна со која лицето го допирате на перницата. Ако ви е тешко да ја стекнете оваа навика, заменете ја памучната перница со свилена или сатенска.
-Понекогаш мислиме дека сте луди: Пријателите често ме прашуваат дали да направат некоја корекција на лицето. Една познаничка целосно непотребно беше опседната со поправка на многу мали мани, раскажува Едвин Вилијамс, доктор по пластична хирургија.
-Симнувањето на вишокот кожа од стомакот е сериозна хируршка интервенција: Оваа интервенција бара многу време за опоравување, а може да помине и година дена. Многумина воопшто не знаат дека оваа интервенција воопшто не е брза и лесна, туку е комплицирана и постојат многу ризици од компликации.
-Нови гради можете да изберете од каталог: Многу сакам кога некој ќе донесе слика од градите што ги сака, бидејќи тоа помага, вели професорката по пластична хирургија Ени Тејлор.
-Сериозно, баталете ги цигарите и сончањето! Еден доктор вели: Имав пациентка на која и требаше многу реконструкција на лицето, но и реков дека нема да ја оперирам ако не ги остави цигарите барем 6 месеци. Кога се врати на преглед по интервенцијата, лузните не и беа зараснати и веднаш знаев дека повторно пуши. Ако еден близнак помине многу време на сонце, а другиот не, првиот ќе изгледа 10 години постар, а истото важи и за пушењето.
-Липосукцијата никогаш нема да биде замена за вежбањето: Луѓето секогаш ме прашуваат колку килограми ќе изгубат со липосукцијата. Тоа е голема заблуда. Липосукцијата е процедура за обликување, а не магија. Неверојатни резултати едноставно не се можни. Уште полошо, знам луѓе кои по операцијата биле незадоволни со резултатите. Ако сакате да ослабнете многу, соработувајте со нутриционист шест месеци до година дена пред да се решите на ваков зафат. За да имате најдобри резултати со липосукцијата, пред неа треба да сте блиску до идеалната тежина, вели Бредли Глазберг, претседател на Американското здружение на пластични хирурзи.На овие прашања искрено одговорија некои од најголемите експерти од оваа бранша.
-Жал ни е, но не постои третман што целосно го отс

Пронајдете не на следниве мрежи: