Сара Копонен и Ема Копонен можеби се идентични близначки, но сепак помеѓу нив постојат некои разлики. Сара е русокоса, а Ема ја има исфарбано косата и има истетовирано череп на левата нога.Сепак, 25-годишните близначки живеат заедно, носат иста облека, имаат исти пријатели и работат како ринг девојки во Марбела, Шпанија. Исто така, тие дури имаат направено и исти хируршки модификации.
Сара и Ема потрошиле речиси 24.000 долари на козметички операции – секоја од операциите била внимателно калибрирана за да одговара идентично со другата.
– Како близначки ние треба да изгледаме исто, изјави Сара Koponen Barcfroft TV и додаде: „И двете сме зависници од модифицирање на нашите тела. Но, ние треба да се осигураме дека ќе направиме исти хируршки зафати, инаку нема да наликуваме една на друга. Двете сме опседнати со хирургија и сакаме совршенство. За нас не постои зборот `премногу`.“
Двете израснале во Вастервик, Шведска, но биле студиозни и повеќе се интересирале за спорт, отколку за момчињата. Но, тоа се промени кога тие имале 16 години.
Досега тие ги зголемија градите и устата.
Во иднина планираат уште неколку хируршки зафати, вклучувајќи вградување на импланти во задникот, стоматолошки фурнири и корекција на носот.
Тие се задоволни од својот изглед, но признаваат дека останатите членови од семејството не ја одобруваат нивната одлука.
Сепак, колку и да се вљубени во пластичните операции, едната од нив признава дека никогаш не би му дозволила на своето дете да тргне по нејзините стапки, велејќи:
„Се гордеам што го сменив телото, но никогаш не би му дозволила на моето дете да го прави ова зашто никогаш нема да биде среќно. Секогаш ќе бара повеќе. Еднаш кога ќе почнете – нема враќање назад.“Сепак, 25-годишните близначки живеат заедно, носат иста облека, имаат исти пријатели и работат како ринг девојки во Марбела, Шпанија. Исто така, ти



