Овие членови од Уставот, Законот за Собрание и Деловникот беа прекршени при обидот за насилно и нелегитимно бирање на Џафери за претседател на Собранието

Насилното и нелегитимно избирање на Талат Џафери за претседател во Собранието од страна на СДСМ во четвртокот попладнето грубо прекрши јасно дефинирани членови од Уставот, од Законот за Собрание и од Деловникот на Собранието на Република Македонија.Во интервју за телевизија Сител, Трајко Вељаноски изјави дека грубо биле прекршени неколку членови од Уставот, Деловникот и Законите на Собранието на Република Македонија, а тој ги наброја само членот 63 од Уставот и согласно законот собранискиот канал ја пренесува седницата, а не пратениците кои со мобилен телефон ја снимаа. Потоа тој потенцира дека прекршен бил и членот 80 од став 2, каде што се вели дека сите што побарале збор треба да го добијат и не може да се преиде на следната точка додека на сите пратеници не им биде укажано ова право.
СДСМ со нелегитимниот избор на Талат Џафери ги прекрши следниве членови од Уставот, Собранието и Деловникот на Собранието на Република Македонија.
ПРЕТСЕДАВАЧ НА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА
Конститутивната седница има легитимен претседавач согласно Уставот и Деловникот. Член 63 од Уставот вели дека Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав и само доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.
Член 9 од Деловникот на Собранието вели:
(1) Доколку првата седница на Собранието не ја свика претседателот на заминување, седницата се одржува на дваесет и првиот ден од завршувањето на изборите, во 10,00 часот, а ја свикува најстариот по години избран пратеник, ако и тој одбие да ја свика, тоа право преминува редоследно на наредниот по години избран пратеник, се до избраниот пратеник кој ќе се согласи да ја свика првата седница.
(2) Пратеникот кој ја свикал првата седница, претседава со седницата на Собранието (во натамошниот текст: претседавач), додека новоизбраниот претседател или еден од потпретседателите не ја преземе должноста.
Бидејќи Конститутивната седница беше свикана во предвидениот рок од претседателот на претходниот состав тој и претседава со неа, токму како што вели став 2 од Член 9 од Деловникот. Само доколку претходниот претседател не ја свикаше Конститутивната седница тогаш согласно одредбите седницата ќе ја свикаше најстариот пратеник и истиот ќе претседаваше со неа. Во овој, деветти состав на Собранието најстар по возраст пратеник е пратеникот Бранко Маноиловски од ДУИ.
Согласно кажаното, целосно нелегитимна, противуставна и противделовничка е улогата на Ферид Мухиќ како претседавач, кој всушност не е ниту најстар пратеник во овој состав на Собранието, ниту пак има деловничка оправданост за друг претседавач на Конститутивната седница. Преседан е произволното одредување и назначување на претседавач вон секаква деловничка процедура.
ПРЕКИН НА СЕДНИЦАТА
Член 68 од Деловникот го уредува времетраењето на седниците.
Во ставот 4 од членот 68 се наведува дека „Седница на Собранието се одржува во времето од 11,00 до 18,00 часот, со пауза од еден час, ако претседателот на Собранието, за одделни седници поинаку не одлучи.“
Бидејќи поинаку не беше одлучено, ниту договорено, претседавачот на Конститутивната седница 20. продолжение од истата, одржано на 27.04.2017 година, деловнички го затвори во 18,00 часот и ги извести пратениците, медиумите и јавноста дека следното продолжение ќе се одржи утредента, петок, 28.04.2017 година со почеток во 11 часот. Одржувањето на следното 21. продолжение беше договорено по претходна консултација со сите политички партии.
Оттука, обидот да се глуми ново продолжение на Конститутивната седница откако претседавачот веќе го прогласи за затворено 20. продолжение и соопшти дека следното 21. ќе биде утредента во 11 часот е нелегитимно и претставува кршење на одредби од Деловникот и Правилниците за работата на Собранието кои се однесуваат за свикување и организирање на ново продолжение на седница. Собраниската служба ги реализираше сите предвидени чекори и обврски за свикување на следното 21. продолжение. Беше испочитувана процедурата во електронскиот систем е-Парламент, со нотификација која ја добиваат сите пратеници на своите службени мејлови. Воедно, е-Парламент системот поврзан со официјалната веб страница на Собранието го евидентираше 21. продолжение на Конститутивната седница за 28.04.2017 година во 11 часот што беше видливо за медиумите и граѓаните.
ЈАВНОСТ И ПРЕНОС НА СОБРАНИСКИ СЕДНИЦИ
ОДРЕДБИ ОД ДЕЛОВНИК:
Член 2
(1) Седниците на Собранието и на работните тела се јавни.
Јавноста подразбира пренос на целото времетраење на седницата на Собранискиот канал, истото е регулирано и со одредби од Законот за Собранието:
ОДРЕДБИ ОД ЗАКОН ЗА СОБРАНИЕ

СОБРАНИСКИ КАНАЛ

                                                                              Член 32(1) Собранието има програмска одговорност за емитување на програмскиот сервис наменет за емитување на активностите на Собранието.(5) Собранието обезбедува услови за пренос на дигитален ТВ сигнал до крајните корисници (гледачи).
Секој пренос на собраниска седница се прекинува откако претседателот, односно претседавачот ќе каже дека ја прекинува седницата и ќе соопшти кога ќе се одржи следното продолжение.
Импровизираната седница, т.е. нелегитимен обид за избор на претседател на Собранието не беше пренесуван на Собранискиот канал. Снимање со мобилен телефон е спротивно на законските одредби кои го уредуваат делот со јавноста на седниците и во никој случај не може да се смета за обезбедена јавност на седницата. 
ПРЕВОД
Член 3 од Деловникот предвидува дека:
(1) Во работата на Собранието службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.
(2) Граѓани на други држави, кои се поканети да учествуваат во работата на Собранието или да се обратат на Собранието имаат право да зборуваат на својот јазик.
(3) Говорот одржан на јазик различен од македонскиот јазик, задолжително се преведува на македонски јазик.
Обраќањето на Џафери беше на албански, без превод на македонски јазик, како што е вообичаената деловничка процедура за целото времетраење на седниците на Собранието.
ПРЕКИНУВАЊЕ НА ОТПОЧНАТА РАСПРАВА
Член 80
(1) На почетокот на претресот по секоја точка од дневниот ред предлагачот, односно претставникот на предлагачот може да даде дополнителни образложенија или појаснувања.
(2) Претресот трае додека не се исцрпи листата на пратеници кои се пријавиле за збор. Пратениците се пријавуваат за збор во рок од една минута по отворањето на претресот. Листата на пратеници не може да се менува и дополнува во текот на претресот.
Ниту еден член од Деловникот не може и не смее да се толкува изолирано од останатите членови. Член 78 не може да се толкува без да се има во предвид член 80, што значи редоследот на точките од утврден дневен ред може да се менува единствено по завршен претрес на отпочнатата точка по која тече расправата.
Во целокупната историја на работењето Собранието на Република Македонија, на одржани илјадници седници, со стотици илјади точки по кои пратениците расправале, не постои ниту еден пример, ниту еден случај, кога во тек на расправа по некоја точка, расправата била прекината и се преминало на некоја друга точка од утврден Дневен ред. Затоа таков пример не беше споменат и посочен од пратениците кои упорно настојуваа да се прекине отпочнатата расправа и да се премине на следната точка.
ПРЕМИНУВАЊЕ НА ТОЧКА 4 И СУСПЕНДИРАЊЕ НА ПРАВО НА КОМИСИЈА И ДРУГИ ПРАТЕНИЦИ ДА ДАДАТ СВОЈ ПРЕДЛОГ
Член 22
(1) Кандидат за претседател на Собранието може да предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата или најмалку 20 пратеници.
(2) Пратеник може да биде предлагач само на еден кандидат за претседател на Собранието.
Со преминување на точка 4, беше суспендирано правото на сите останати пратеници да предложат свој кандидат за претседател на Собранието, како и правото утврдено со деловникот Комисијата за прашањата на изборите и именувањата да даде предлог.
ОТСУТНИ ПРАТЕНИЦИ И ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ
Член 30
Пратеникот кој е спречен да присуствува на седницата на Собранието, е должен за тоа да го извести претседателот на Собранието до почетокот на седницата.
Член 32
За присуство на пратениците на седниците се води евидентен лист што е отворен во текот на одржување на седницата, а на крајот од работниот ден се предава на претседателот на Собранието.
На импровизираното нелегитимно продолжение немаше пријавување на отсутни пратеници, ниту постои евидентен лист.
УТВРДУВАЊЕ НА КВОРУМ
Член 95
(1) Собранието може да одлучува ако на седницата присуствува мнозинство од вкупниот број пратеници.
(2) Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, а најмалку со една третина од вкупниот број пратеници, ако со Уставот не е предвидено посебно мнозинство.
(3) Претседателот на Собранието го соопштува бројот на пратениците што гласале “за”, “против” или “воздржано”, како и бројот на пратениците што се присутни.
(4) Претседателот на Собранието може да определи да се утврди бројот на присутните пратеници со броење.
(5) Утврдениот број на присутни пратеници се смета за точен сé додека претседателот или еден пратеник, чие барање го поддржуваат најмалку десет пратеници, не побара повторно да се утврди бројот на присутните пратеници.
На импровизираната, нелегитимна седница не беше утврден кворум, воопшто не постоеа услови кворумот да биде утврден, така што се доведува во прашање бројот на пратеници во салата и кворумот за работа.
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА 1 МИНУТА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРАТЕНИЦИ ЗА ЗБОР ПО ТОЧКАТА
Член 80
(1) На почетокот на претресот по секоја точка од дневниот ред предлагачот, односно претставникот на предлагачот може да даде дополнителни образложенија или појаснувања.
(2) Претресот трае додека не се исцрпи листата на пратеници кои се пријавиле за збор. Пратениците се пријавуваат за збор во рок од една минута по отворањето на претресот. Листата на пратеници не може да се менува и дополнува во текот на претресот.
На пратениците не им беше овозможено да се пријават за збор во рок од една минута.
СТЕНОГРАМИ
Член 107
(1) За работата на седницата на Собранието се водат стенографски белешки.
(2) Составен дел на стенографските белешки се и неодржаните говори на пратениците што на седницата во текот на претресот писмено се приложени со ознака дека говорот не е одржан на седницата.
(3) Стенографските белешки за работата на седницата на Собранието се чуваат во документацијата на Собранието, во електронски дигитален формат и во тврда копија.
(4) Стенографските белешки се објавуваат на Интранет (внатрешна мрежа на Собранието) и на веб страницата на Собранието (Интернет).
(5) Начинот на објавување на стенографските белешки на Интранет и на веб страницата на Собранието, правото на пратениците да вршат исправки во стенографските белешки и роковите, се уредуваат со акт што го донесува претседателот на Собранието.
За импровизираната, нелегалната и фиктивна седница на СДСМ не постојат стенографски белешки.
СО ГЛАСАЊЕТО РАКОВОДИ ПРЕТСЕДАВАЧОТ
Член 24
(1) Со гласањето за избор на претседател на Собранието раководи претседавачот.
(2) Ако Собранието одлучи претседателот на Собранието да се избира со тајно гласање, на претседавачот при изборот му помагаат генералниот секретар на Собранието и тројца пратеници кои ги избира Собранието на предлог на претседавачот, од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието.
Претседавачот не раководеше со гласањето за избор на претседател.
ГЛАСАЊЕ
Член 96
(1) Јавното гласање се врши со употреба на технички средства или со кревање рака.
(2) Начинот за употреба на техничките средства се уредува со акт што го донесува генералниот секретар на Собранието.
Службата која раководи со техничките средства беше изолирана, немаше можност за гласање со технички средства како што е вообичаено!!
ФИКТИВНО УТВРДЕН БРОЈ НА ПРАТЕНИЦИ КОИ ГЛАСАЛЕ ЗА ПРЕДЛОГОТ
По гласање на секоја точка претседавачот кажува колку вкупно пратеници гласале, колку од нив гласале ЗА, колку ПРОТИВ и колку ВОЗДРЖАНО…. Во фиктивната седница на СДСМ ова не беше случај.
Член 26
(1) За претседател на Собранието е избран кандидатот кој добил мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
(2) Ако за претседател е предложен еден кандидат и ако при првото гласање не го добие потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.
Член 95
(3) Претседателот на Собранието го соопштува бројот на пратениците што гласале “за”, “против” или “воздржано”, како и бројот на пратениците што се присутни.
ДАВАЊЕ НА СВЕЧЕНА ИЗЈАВА
Член 116
(1) Претседателот на Собранието и потпретседателите на Собранието, претседателот на Владата, министрите и судиите на Уставниот суд на Република Македонија, пред преземањето на должноста, даваат свечена изјава пред Собранието. Текстот на свечената изјава гласи:
“Изјавувам дека функцијата (да се наведе функцијата) ќе ја вршам совесно и одговорно и ќе го почитувам Уставот и законите на Република Македонија”.
(2) Текстот на свечената изјава на седницата на Собранието го читапретседателот на Собранието или претседавачот.
(3) Свечената изјава се потпишува и му се предава на претседателот на Собранието.
ОБЈАВУВАЊЕ ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК
ОДРЕДБИ ОД ЗАКОН ЗА СОБРАНИЕ

ПОТПИШУВАЊЕ И ОБЈАВУВАЊЕ НА АКТИТЕ

Член 37 (1) Текстот на законот не се потпишува.(2) Другите прописи и општи акти што ги донесува Собранието, ги потпишува претседателот на Собранието.
                                                                              Член 39Законите, другите прописи и општи акти пред да влезат во сила се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија”. 
ОДРЕДБИ ОД ДЕЛОВНИК
Член 174
Законите, другите прописи и општи акти пред да влезат во сила се објавуваат во “Службен весник на Република Македонија”.
Не постои Одлука за избор на претседател и истата не е објавена во Службен весник на Република Македонија како е законски предвидено
ИСКЛУЧЕНА СТРУЧНАТА СЛУЖБА НА СОБРАНИЕТО
ОДРЕДБИ ОД ЗАКОНОТ ЗА СОБРАНИЕТО
XII. СЛУЖБА НА СОБРАНИЕТО
                                                                                   Член 40(1) Стручните и други работи за потребите на Собранието, работните тела и пратениците ги врши Службата на Собранието.
(2) Организацијата, задачите и работата на Службата се утврдува согласно со закон.
ОДРЕДБИ ОД ДЕЛОВНИКОТ
Член 235

Стручните и другите работи за потребите на Собранието, работните тела и пратениците ги врши Службата на Собранието (Службата).

Професионалната и стручна служба на Собранието на Република Македонија беше исклучена, поточно изолирана од така наречената седница.Во интервју за телевизија Сител, Трајко Вељаноски изјави дека грубо биле прекршени неколку членови од Уставот, Деловникот и Законите на Собранието

Пронајдете не на следниве мрежи: