„ОВИЕ ГРЕШКИ ги правев како сопруга и сега сум поранешна…“

Слоен Бредшо (39) од Њујорк 10 години била во брак. Бракот и завршил кога маж и ја изневерил и оставил поради друга жена… Сега, кога не е повеќе бесна, таа пишува за тоа за колкав дел од животот си е и самата крива за тоа…„Маж ми ме изневери и ме остави. Не  долго пред тоа започна да ме избегнува и да се затрупува со работа. Најпрвин ја префрлав кривицата на него за тоа што лаже и изневерува, го запостанува семејството и занемарува се што направив за нашиот брак во овие 10 години.
Но не бев во право
Јас се фокусирав само на себе, на својата улога на нежна, несебична и напатена жена, на сликата која самата си ја создадов. Дури кога најдов добар терапевт сфатив што правам.
И тоа не беше убаво сознание.
Сега знам дека наредите работи го уништија мојот брак. Но, барем нека им служи на другите ова како предупредување пред да биде предоцна.
1.Ги ставив децата на прво  место
Лесно е да ги сакаш своите деца. Тоа не бара многу труд. За бракот е потребен труд. А кога и да требаше да се потрудам околу бракот бев опкружена со децата. Често планирав нешто што мојот сопруг не можеше да го прави. Себеси си велев дека тоа е во ред. Многу ноќи спиев со децата мазејќи се во креветот кривејќи го него што рчи. Ретко кога бевме сами, децата постојано беа во домот. Само на нашите годишнини не беа тука.
2. Не поставив граници со моите родители
Моите родители често доаѓаа кај нас, често и ненајавени. Одеа на одмори со нас. Ги опоменуваа нашите деца пред нас. Мојот страв да не навредам некои од родителите ме спречи да поставам граници. Мојот маж го ожени целото мое семејство.

3. Му ја одземав машкоста
Мислев дека кај љубовта е важна искреноста а сите знаеме колку вистината боли. Постојано зборував негативно за него пред пријателките, мајка ми, колешките.. Секој пат кога и да направи дури и најмала грешка!
Наместо да му го зајакнам егото јас само го понижував. Често му кажував дека неговата работа не е важна, му зборував лошо за неговите пријатели. Му зборував глупости кога и нешто да згреши. Му зборував буквално како на дете. А кога и да направеше нешто погрешно во креветот не се плашев дури и да се извикам на него. Кога нашиот брак заврши, константно му барав грешки за да ја оправдам својата супериорност. На крајот , ни најмалку не го почитував и дадов се од себе за тој да биде сигурен во тоа.
4. Не се трудев да се научам да се расправам на правилен начин
Да, постои вистински начин за кавга. Јас често се трудев да премолчам некои важни работи само  поради мир во куќата. А сите мали работи кои ме нервираа прераснуваа во огромни работи кои ми предизвикуваа ерупција на бес. Потоа станав пострашна и од силните изливи на бес.
Овој текст не го напишав за мојот поранешен да го придобијам повторно, ниту пак од него да добијам простување. Го напишав бидејќи не можев да верувам колку долго ја држев главата во песокот. Сеуште ме боли тоа што мојот маж одлучи дека сите проблеми  ги реши одејќи си во креветот на друга жена, без брачно советување и разговор со мене, но сега знам дека моето однесување во голем дел го убедило да постапи на тој начин.
Колку вие знаете да го чувате вашиот брак?„Маж ми ме изневери и ме остави. Не  долго пред тоа започна да ме избегнува и да се затрупува со работа. Најпрвин ја префрлав кривицата

Пронајдете не на следниве мрежи: