Астролозите тврдат дека хороскопските знаци до некоја мера влијаат врз карактерот, па врз основа на тоа се открива и какви се хороскопските знаци во кревет.Овен – личност од акција
Како да ги препознаете: тие се вистински шармерки или мачо типови кои секогаш сметаат дека машкото е машко, а женското женско. Освен по тоа, можете да ги препознаете и по нагласеното високо чело, како и брзиот од.
Тие се упорни и освојуваат со својата сила, отвореност и упорност. Сепак, поради својот експлозивен карактер лесно ги губи нервите и брзо го губи интересот. Тие се многу страствени во креветот и сакаат сексот да го практикуваат често.
Жените претставници на овој знак сакаат мажи во строги одела, додека пак мажите сакаат жени во кратки суќни и високи потпетици.
Бик – луѓе карпи
Како да ги препознаете: Тие најдобро се препознаваат по надворешниот изглед. Имаат бавно движење, но и огромен стил што и да прават. Делуваат силно и посветено.
На сексот му пристапуваат како на монтирање полици, но неверојатни се во него. Сепак, често знае да ги скрие емоциите или едноставно да ги нема. Во креветот се подготвени да направат што и да сакате. Сепак, проблемот на овие луѓе е што мислат дека голем дел од проблемите се решаваат со сексот.
Близнаци – вистински заводници
Како да ги препознаете: овие луѓе се многу комуникативни и имаат детски гестикулации. Обратете внимание на нивните движења додека зборуваат.
Тие го обожаваат друштвото и највеќе заведуваат додека зборуваат. Немојте да ги оптеретувате со длабоки и силни чувства, туку бидете смирени и потрудете се да бидете смешни и интересни. Нивна најголема маана, но и голема предност во сексот се тоа што се многу непредвидливи личности и никогаш не знаете што можете да очекувате.
Во сексот сакаат експерименти и исцрпувачки секс, но сакаат и опуштена атмосфера. Добри се во дебата и комплименти.
Рак – чувствителни души
Како да ги препознаете: Грижлив изглед и срамежлива насмевка, но и нивното обожавање на семејството.
Тие се посветени личности кои не можат без сексот, но често го менуваат своето расположение. Во еден момент се среќни и пријатни, а во друг можат да ве убијат со погледот. Тие се повеќе сентиментални отколку романтични личности и затоа сакаат бавен, нежен и тактичен секс.
Лав – харизматични заводници
Како да ги препознаете: обично можете да ги најдете во центарот на случувањата, односно вниманието. Тие често имаат густа и сјајна коса.
Овие луѓе знаат како да ги направат своите партнери среќни и задоволни. Најдобриот апскет на нивната личност е човечката топлина. Обожаваат да се покажуваат и фалат, а понекогаш се арогантни. Не се претерано либерални типови и затоа не треба да очекувате премногу експериментирања во однос на сексот. Сепак, не пропуштајте можност да ги пофалите бидејќи тоа ги прави среќни и во тој случај, ќе направат се за вас.
Девица – проникливи личности
Како да ги препознаете: носат облека која секогаш е елегантна и одлично испеглана и имаат грижлив поглед. Мажите Девици често делуваат помлади отколку што се.
Тие сакаат згодни личности и се големи перфекционисти во однос на партнерите кои ги бираат. Едноставно изгледа како ништо да не е добро за нив. Затоа, за да ги издржите нивните критики, потребна ви е смисла за хумор и тоа во големи количини. Девиците не поднесуваат солзи и испади на бес и тоа е нешто што навистина може да ги одалечи од вас.
Тие се контролираат претерано за да би можеле да уживаат во сексот без притисокот кој самите си го наметнуваат.
Вага – самодопадливи шминкери
Како да ги препознаете: Шармантната и елегантна Вага најчесто ќе ја најдете во фенси рестораните и уметнички галерии. Тие ја ценат убавината и младоста. Иако го сакаат сексот, сепак повеќе сакаат долги врски отколку краткотрајни авантури. Опасните и страствени ситуации за нив се вистински напор.
Тие не сакаат да се трудат претерано, па обично сите нешта лежат во вашите раце и вашата контрола. Немојте никогаш да се појавувате пред нив несредени, бидејќи тоа е нешто што вистински ќе ги одалечи од вас.
Скорпија – секс машина
Како да ги препознаете: нивниот продорен поглед би можел да ве извади од такт, но и да ве освои во прв момент. Тие се мрачни, згодни и мистериозни.
Иако делуваат кул, немојте никогаш со нив да разговарате за вашите претходни партнери, бидејќи тоа ќе ги изнервира затоа што се љубоморни. Тие се многу лојални – кога ќе одлучат дека вие сте вистинската личност во сексот ќе пробаат баш се со вас.
Интензитетот на нивната страст е неограничен.
Стрелец – слободен дух
Како да ги препознаете: нив ги краси неодолива комбинација на трапавост и оптимизам. Тие се многу духовити личности кои веднаш ќе ве освојат со својата непосредност.
Почитувајте ја нивната независност и ќе добиете партнер за цел живот. Тие се хранат со ризикот и затоа ги обожаваат сите сексуални експерименти. Сепак, играњето со туѓите чувства е нивна најголема игра. Во сексот се инспиративни и секогаш можат да ве научат на нови нешта.
Јарец – големи претприемачи
Како да ги препознаете : тие се одликуваат со студен поглед и заштитнички однос кон оние што ги сакаат.
Тие се силни личности кои го обожаваат сексот и кои можат да го практикуваат секаде. Сепак, на прво место е нивната работа, на второ нивното семејство, а потоа (ако имате среќа) вие. Ако фрлат око на вас, ќе ве нападнат и ќе сакаат да ве имаат по секоја цена.
Многу се трудат да го достигнат совршеноството, а тоа можете да го забележите и во кревет со нив.
Водолија – чудаците од хороскопот
Тие се креативни и спонтани личности кои така се однесуваат и во сексот и затоа се одлични партнери. Можете да ги забележите по изразените веѓи и погледот кој ги прави сериозни.
Тие очекуваат индивидуалност од своите партнери и доколку сте таква личност со нив ќе го имате најдобриот секс во животот. Сепак, една лоша страна е тоа дека тие сметаат дека чувствата се многу ирационална работа. Исто така, тие прават што сакаат кога тие сакаат и не можете да ги натерате на ништо.
Водолиите сакаат предизвици и затоа сексот со нив секогаш ќе биде незаборавен.
Риби – романтичари
Како да ги препознаете: тоа не е воопшто лесно со оглед на тоа дека Рибите се вистински камелеони. Тие се хиперчувствителни хедонисти и како што ги сакаат уживањата во сите аспекти на живеење, тоа највеќе го сакаат во сексот.
Кога ќе помислите дека ги поседувате, ќе ве убедат во спротивното и треба да знаете дека никогаш нема целосно да ги имате.
Тие се едни од најдобрите љубовници во хороскопот и не се чудете ако цел викенд не излезете од кревет, доколку сте со нив.