Овие намирници ги прочистуваат крвните садови!

Храната може да ги заштити ѕидовите на крвните садови и да го намали создавањето на атероматозните плаки.Храната може да ги заштити ѕидовите на крвните садови и да го намали создавањето на атероматозните плаки.
Еве кои намирници ќе ви помогнат да го зачувате здравјето на вашите крвни садови:
Бадеми
Овие јаткасти плодови кои изобилуваат со незаситени масни киселини, помагаат во регулирање на холестеролот. Освен тоа, бадемите се богати со магнезиум, кој спречува создавање на масни наслаги на крвните садови.
Консумирајте 3 до 5 пати неделно по една рака сирови бадеми.
 
Лук
Најпознатиот чувар на здравјето на крвните садови е лукот. Лукот го намалува нивото на ЛДЛ (лошиот холестерол) во крвта и спречува создавање на масни наслаги во крвните садови. Најновите истражувања покажуваат дека благодарение на супстанции кои се ослободуваат при дигестија на лукот, како што е водород сулфидот, крвните садови се релаксираат и со тоа се зголемува крвниот проток.
Вклучете најмалку 1 до 4 чешниња лук во секојдневното мени. Најдобро е да го консумирате сиров, но може да го додадете во супи и приготвени јадења во комбинација со разни зеленчуци и месо.
 
Авокадо
Високото ниво на лош холестерол го стимулира создавањето на масни наслаги во крвните садови. На сметка на тоа, крвните садови ја намалуваат својата еластичност и се стеснува луменот, со што се оневозможува непречен проток на крвта. Авокадото помага во намалување на нивото на лошиот холестерол со што индиректно се спречува развојот на овие процеси.
Дополнително, авокадото изобилува со витамин Е, кој помага во намалување на крвниот притисок.
Доколку сте во можност, консумирајте по едно авокадо на ден. Може да го вклучите во вашето секојдневно мени како намаз на леб или во салата.
 

 
Ленено семе
Лененото семе е еден од најдобрите извори на алфа-линолеинска киселина (омега-3 масна киселина). Со помош на омега-3 масните киселини се намалува крвниот притисок и се прочистуваат крвните садови од масните наслаги, па затоа не заборавајте во следниот оброк да го вклучите лененото семе.
 
Лосос
Лососот изобилува со омега-3 масни киселини кои го покачуваат нивото на добриот холестерол и се борат против создавањето на масни наслаги во крвните садови. Дополнително, лососот го регулира нивото на триглицеридите и ја намалува инфламацијата на крвните садови.
Се советува консумирање на 2 порции лосос неделно. Најдобро е да се приготви на пареа или на скара.
 Храната може да ги заштити ѕидовите на крвните садови и да го намали создавањето на атероматозните плаки.
Еве кои намирници ќе ви помогнат

Пронајдете не на следниве мрежи: