Апликацијата за бесплатна размена на пораки и за меѓусебни повици на сите корисници – Вибер, има огромен број опции што ја олеснуваат и подобруваат секојдневната употреба на овој сервис. Сепак постојат и некои опции што се помалку познати, а многу корисни. Токму овие опции ќе ви помогнат во целост да го искористите потенцијалот на оваа апликација.Сокријте дека сте биле вклучени: Постои опција, која само треба да се вклучи, а која ќе ви помогне да се „скриете“ од останатите корисници, односно, која ќе го скрие фактот дека сте биле, или сте онлајн.
Сокријте дека сте ја виделе пораката: Доколку сакате оној кој ви ја пратил пораката да не дознае кога сте ја виделе (за да не морате да одговорите на неа), тоа е возможно. Потребно е само да одите во „опции“, да ја одберете опцијата „известување“ и да ја исклучите опцијата „прикажи го прегледот на пораките“.
Заштедете ја меморијата на телефонот: Гласовните пораки што се разменуваат преку четовите на Вибер автоматски се зачувуваат во вашиот телефон, со што се преоптоварува меморијата, а вие најчесто за тоа воопшто не сте свесни. За да го избегнете ова претрупување со непотребни податоци во меморијата на телефонот, влезете во „опции“, „медиа“, и кликнете на „избриши ги гласовните пораки“.
Сокријте ја својата слика од јавноста: Ако не сакате вашата профилна слика на Вибер да биде видлива за сите корисници, и оние кои не ви се пријатели, едноставно можете да ја скриете од јавноста, за да биде достапна само на вашите контакти. Влезете во „опции“, потоа во „приватност“, и исклучете ја опцијата „Прикажи своја слика“.
Вибер под шифра: Доколку сакате да ги подигнете нивото на безбедност и приватност на вашите податоци и пораки на Вибер, тоа можете да го направите со ставање лозинка на својот профил на Вибер. Вака, никој кој не ја знае вашата шифра, нема да може да ви ги чита пораките. Но, самиот Вибер не ја нуди оваа опција, туку потребно е оваа програма да ја преземете и инсталирате во било кој App Store, и трае само неколку минути.
Вибер на компјутер: Доколку сакате да ги искористите удобностите што ги нуди Вибер, морате да го инсталирате на својот компјутер. Ова е навистина едноставно – потребна ви е само интернет конекција, а Вибер ќе биде потполно еднаков како оној кој го користите преку мобилниот телефон.Сокријте дека сте биле вклучени: Постои опција, која само треба да се вклучи, а која ќе ви помогне да се „скриете“ од