Овие пет емоции се толку силни што можат да доведат до проблеми со внатрешните органи

Како што стресот влијае на работата на срцето, така силните емоции можат да влијаат и на некои други органи.Алтернативната медицина го поврза негативното размислување и чувства со некои болести. Овие пет силни емоции можат да доведат до проблеми со органите.
1-Бес: Бесот е силна емоција, окарактеризирана со силна физичка манифестација, како пораст на крвниот притисок, а може да предизвика и главоболка и вртоглавица. Стресот според некои истражувања е поврзан и со забавена работа на црниот дроб, а може да предизвика и губење на апетитот, проблеми со столицата и пролив.
2-Шок: Ненадејното раскинување на долгогодишните врски, наглото губење на постојаното работно место или неочекуваното губење на сакана личност се исклучително емотивни чувства што предизвикуваат телесен шок со видливи последици на организмот. Шокот е директно поврзан со порастот на адреналин, што може да го ослабне срцето, а повеќечасовната изложеност на шок може да доведе до сериозни проблеми во телото и затоа во екстремни случаи треба да се побара лекарска помош.
3-Страв: Стравот предизвикува претерана потреба за мокрење, што е основна телесна функција поврзана со работата на бубрезите. Долготрајната изложеност на страв кон нешто или некој предизвикува тегоби што може да ја забават работата на овој важен орган.

4-Тага: Тагувањето доведува до плач, кратко дишење и физички замор, а долготрајната изложеност на оваа емоција го ослабува работењето на белите дробови. Кинеската хомеопатија ја лечи депресијата со стимулација на точки што се наоѓаат току кај овој орган.
5-Грижа: Луѓето кои многу се грижат имаат проблеми со столицата. Негативното размислување може да доведе до пролив, повраќање и други хронични проблеми со гастроинтестиналниот систем. Некои истражувачи дури ја поврзале и опсесивната грижа со зголемената шанса за добивање на чир на желудникот, па дури и рак.Алтернативната медицина го поврза негативното размислување и чувства со некои болести. Овие пет силни емоции можат да доведат до проблеми со органи

Пронајдете не на следниве мрежи: