Oвие работи „ги палат“ мажите, а не се поврзани со сексот

Доколку не сте слушнале досега за  љубовна ерекција, тоа е всушност чувството кое го доживуваат само мажите кои се вистински вљубени во своите девојки или жени.Таквата љубовна ерекција настанува во најмалку 8 ситуации кои не се поврзани со сексот, но ги прават девојките и жените неодоливо секси:
1. Кога мажот ќе дојде дома и ќе го пречека вкусна и богата вечера
Веројатно многу пати до сега сте ја слушнале реченицата „љубовта доаѓа преку стомакот,“ но никако да поверувате. Наречете ја оваа ситуација банална или површна, но кога еднаш ќе ја пробате ќе сфатите колку тој ја цени.
2. Кога во рацете држите бебе
Можеби не планирате семејство и тој се плаши секој пат кога менструацијата ви доцни, но има нешто посебно во погледот на неговата девојка со бебе во рацете. На овој начин се будат нежни и потполно нови емоции кои ниту еден маж не може да ги објасни.
3. Кога е болен, а вие му носите супи и чајче во кревет
Мажите сакаат да се разгалени и третирани како деца, па настинката им е одличен начин да го искористат тоа. Затоа, кога следен пат ќе легне во кревет, подгответе му нешто вкусно, со многу љубов.
4. Кога ќе му подарите нешто без повод
Овој гест значи дека мислите на него. Подарокот за роденденот или годишнината беше супер, но многу му е помила ситницата која му ја купивте додека случајно шетавте.

5. Кога готвите нешто заедно
Невозможно е да готвите и јадете заедно, а тоа да не се претвори во романтична вечера. Ако сакате дополнителна акција, облечете нешто провокативно. Нема да се одлепи од вас!
6. Кога имате војна со скокоткање
Сире парови ја има оваа „боречка вештина“ која изгледа многу подобро отколку што мислите. Смеењето и валкањето низ кревет е многу привлечнa комбинација, барем за посилниот пол.
7. Кога спиете на неговите гради
Иако вам нема да ви биде најудобно, за него ова е вистинско задоволство. Има нешто посебно во будењето со вашата глава на неговите гради.
8. Кога ќе му оставите симпатична порака
Мажите колку и да се обидуваат да бидат силни, тие паѓаат  на нежни зборови, доволна е една симпатична порака за неговото „челично срце“ да се растопи.Таквата љубовна ерекција настанува во најмалку 8 ситуации кои не се поврзани со сексот, но ги прават девојките и жените неодоливо секси:

Пронајдете не на следниве мрежи: