Овие работи никогаш не треба да ги ставате во микробранова!

Микробрановата печка во милион домови го олеснува животот. Меѓутоа, стручњаците предупредуваат дека постојат одредени работи кои никако не би треба да се загреваат во микробранова. Погледнете кои се тие…Мајчино млеко
Новороденчето од мајчиното млеко добива клучен агенс кој се бори со бактериите. Во едно истражување откриено е дека во мајчиното млеко во текот на загревањето во микробрановата се зголемува растот на ешерихија коли и тоа 18 пати повеќе него во млекото кое се загревало надвор од микробрановата.
Брокули
Брокулите многу брзо се греат, па не е ни чудо што толку се користат во микробрановата. Но, секој облик на приготвувањето на зеленчук убива одредена количина на хранливи материи во нив. Приготвувањето на пареа е најдобро иако и тогаш се губи околу 11 посто од антиоксидантите од брокулите. А за приготвувањето на брокули во микробрановата со малку вода се губи и до 97 посто на антиоксиданти.

Замрзнато овошје
Купувањето на замрзнато овошје всушност и не е толку лошо, бидејќи тоа се замрзнува кога е зрело и така се задржуваат сите хранливости во него. Овошјето започнува да ги губи своите својства штом се собере, бидејќи замрзнатото овошје може да има и повеќе витамини и антиоксиданти во себе од она свежо и набрано бидејќи обично тоа стои во магацините подолго време.
Замрзнато месо
Некои микробранови се ротираат а некои не, што може да доведе и до нерамномерно приготвување на храната. Замрзнатото месо е доста тешко да се одмрзне во микробрановата бидејќи му треба доста време а често се случува на крајот страните од месото да станат кафеави, додека средината останува замрзната.
Исто така ако месото веднаш не се приготви по одмрзнувањето ја ризикувате рамнотежата на бактерии во него.
Пластични садови
Држете ја пластиката подалеку од микробрановата. Кога ја греете храната во пластиката таа испушта токсични хемикалии директно во вашата храна а тоа може да биде канцерогено. Хемикалиите кои можат да се испуштат од пластиката исто така се однесуваат и на пластичните шишенца во кои се загрева мајчиното млеко. Затоа бидете внимателни со тоа што ставате во микробрановата. Мајчино млеко
Новороденчето од мајчиното млеко добива клучен агенс кој се бори со бактериите. Во едно истражување откриено

Пронајдете не на следниве мрежи: