Иако некои симптоми ви укажуваат кон некоја лоша болест тоа не мора секогаш да биде така.Постојат ситуации кога имате некои здравствен проблем околу кој воопшто не мора да се грижите, меѓутоа често се случува толку да се опседнете со некој симптом и да поминете неспиени ноќи читајќи за најлошите можни сценарија на интернет. Еве ги симптомите за кои дефинитвно не треба да се грижите.
Мерење на крвниот притисок
Човечкото тело постојано се менува проади низата фактори кои влијаат на него- стрес, лекови, што јадете и како спиете. Тоа е дефинитивно видливо на крвниот притисок а особено е видливо на горниот притисок. Постои дури и феномен наречен „хипертензија на белиот мантил“ во која притисокот се зголемува во текот на мерењето во амбулантата болница поради тоа што сте нервозни и ги исчекувате резултатите од мерењето.
Околу висината на притисокот треба да се загрижите откако подеднакво ви е висок во текот на мерење од еден месец. Таквиот притисок може да предизвика срцеви болести и срцев удар. Крвен пртитисок повисок од 180/110 mmHg е причина за итна интервенција.
Лабараториски крвни тестови кои се малку покачени или снижени
Дури и ако според лабараториските крвни тестови вашите бројки не се во оптимален опсег, таа висина веројатно е нормална за вас. Имено, доколку се чувствувате добро можеби вашиот организам едноставно добро функционира со тие мали отстапувања.
Низок крвен притисок
Ја знаете ли онаа изрека која кажува дека никогаш не можете да бидете пребогати или преслаби? Слично е и со нискиот крвен притисок. Имено тој толку малку го оптеретува организмот и се смета за добра работа.
Единствено би требало да се загрижите ако поради него чувствувате вртоглавици или паѓате во несвест и доколку срцето силно ви чука. Во тие ситуации посетете лекар!
Неколку дена мачнини повраќања или пролив
Луѓето често сакаат да знаат дали дошло до труење со храна или ги мачи вирус, но тоа не е толку важно. Ако не постои остра абдоменална болка, висока температура или крв во столицата вашето тело ќе победи што и да го нападнало. Важна работа е да не заборавите дека лесно можете да дехидрирате, па внимавајте на внесувањето на течности, доволна ви е и обична вода.
Ситуација во која морате да се обратите на лекар е доколку се онесветсите или повраќате крв.
Безболни израстоци
Како што телото старее така под кожата можат да почнат да се појавуваат било какви израстоци. Многумина од нив не се канцерогени а причините поради кои се појавуваат се многубројни о е невозможно сите да се набројат, но можат да варираат од бенигни цисти до лимпоми (поткожно масно ткиво). Слободно покажете му на својот лекар при следната посета но немојте премногу да се грижите поради нив.
Сепак, постојат некои израстоци за кои треба да се грижите. На пример израстоци на дојката, кои никогаш не треба да ги игнорирате, како и израстоци кои се чувствителни на допир, топли и црвени, бидејќи тие можат да упатуваат кон некоја инфекција која треба да ја излечите. Постојат ситуации кога имате некои здравствен проблем околу кој воопшто не мора да се грижите, меѓутоа често се случува толку да се опседнете



