Овие симптоми може да бидат рана фаза на рак: Обрнете внимание на вашето тело!

Сите доктори се држат на начелото дека повеќето карциноми се излечиви, ако се откријат во почетна фаза, затоа послушајте го своето тело. Бидете свесни за можните симптоми, но ако не можете да објасните некои други појави, а не поминуваат сами од себе за неколку дена, побарајте мислење од доктор.1. Зарипнатост или раздразнет глас
Зарипнатоста или некоја друга промена на гласот може да биде последица од обична настинка или грип, но доколку состојбата не се подобри за неколку недели, обратете се кај доктор.
Постојаната зарипнатост, може да е знак на излечив рак, на подрачје кај главата или вратот како рак на грло.
Денешните оперативни техники релативно лесно го решаваат овој вид на рак, доколку се открие рано. Исто така треба да се провери и упорна кашлица и да се направи рендген на градниот кош, особено ако кашлањето не престанува по три недели.
2. Ноќно потење
Веројатно станува збор за вашата постелнина или доколку сте во менопауза, ако сте жена. Но, постојаното ноќно потење може да укажува на лимфома, тумор кој се развива во лимфните келии.
Луѓето со лимфома имаат висок метаболизам, бидејќи станиците на лимфомата користат многу енергија, што предизвикува обилно ноќно потење.
3. Постојани киселини
Не е невообичаено да почувствувате киселини по масна и тешка храна. Но, доколку трае повеќе од две или три недели и редовно морате да примате таблети против киселини, тоа може да е знак за рак на желудник, панкреас, па дури и на јајници.
4. Болки во грбот
Многу луѓе страдатт од болки во грбот и 99 процнти од случаите е поради лошо држење или нешто слично. Но тој еден процент предупредува дека може да станува збор за рак на панкреас.
Класичен симптом е болка во горниот дел на абдоменот кој се шири кон грбот. Ако имате проблеми со грбот, веројатно ќе ве боли долниот дел на грбот. Но, ако ве боли средниот дел, а и губите апетит, уморни сте и губите килограми, итно побарајте совет од доктор.
5. Розев исцедок по менопауза
Розев исцедок, секрет или какво било вагинално крварење кое се случува по менопаузата, мора да се провери кај доктор, бидејќи тоа може да биде знак на рак на матка. Овој вид на рак е во пораст, бидејќи се поврзува со прекумерна тежина, пореметување од кое патат голем број луѓе. Овој вид на рак лесно се лекува, доколку се открие на време.

6. Проблеми со мокрењето
Како стареат мажите, нивната простата расте, што може да предизвика често мокрење, посебно во текот на ноќта.
Ако често мокрите или имате проблеми со мокрењето, тоа може да укажува на рак на простатата.
Вашиот доктор може да направи тест и биопсија. Ако тестот е позитивен, тоа не значи дека имате итна потреба од лекување.
7. Тешкотии во голтањето
Мозочен удар, потрес на мозок и други состојби може да предизвикаат тешкотии при голтање. Но, понекогаш тоа може да биде и ран симптом на рак на глава или врат, уста, гласни жици или јазик. Добра е веста дека тие видови на рак се главно излечиви, ако се откријат доволно рано. Иако се најчесто предизвикани од претерана употреба на алкохол или цигари, има повеќе докази дека тој вид на рак се поврзува со ХПВ, кој може да се пренесе со незаштитен и орален секс.
8. Крв во столицата
Доколку забележите нешто необично во врска со вашата столица – боја, текстура, зачестеност или болка – и таа состојба трае подолго од неколку недели, секако консултирајте се со доктор. Може да се работи за рак на црева или панкреас.
9. Рана која не заздравува
Повеќето луѓе веднаш ќе забележат дека нешто не е во ред со нивните младежи ако крварат или чешаат. Но, ако покрај тоа се појави и мала грутка која расте, боже да биде знак на рак на кожа.
Доколку имате рана која не заздравува ни по две до четири недели, побарајте помош од доктор. Ракот на кожа најчесто не боли, но може да чеша или да крвари.
10. Чир во устата или јазикот
Многу луѓе добиваат чирови во устата поради некои вирусни инфекции, но тие најчесто изчезнуваат по неколку дена и прилично се болни. Чир во уста кој не исчезнува ни по 3-4 недели треба да се пријави на доктор.
Бели точки и флеки на јазикот исто така треба да бидат проверени на доктор, бидејќи тие може да бидат знак за промена на јазикот кои може да се претворат во рак.1. Зарипнатост или раздразнет глас
Зарипнатоста или некоја друга промена на гласот може да биде последица од обична настин

Пронајдете не на следниве мрежи: