Трошењето 1200 калории дневно не е толку тешко, иако бројката изгледа голема. Според проценките на експертите од „Health Status“, еден просечен човек со тежина од околу 50 килограми, троши 300 калории само додека спие и најмалку 1.200 калории дневно при нормалното функционирање на телото и организмот. Овие неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да успеете да ја одржите вашата идеална линија.
Никогаш не дозволувајте да ве фати мрза
Ова не значи дека не треба да седнете да одморите или да се опуштите лежејќи на вашиот кауч додека гледате телевизија. Но сепак, не треба пречесто да го правите ова, бидејќи човечкото тело бара постојана активност и поголем степен на раздвиженост при вршењето на секојдневните работи. Па така, во секоја дневна обврска гледајте да го активирате телото што е можно повеќе, бидејќи така со ништо можете да потрошите до 300 калории.
Секогаш одвојувајте време за вежбање
Доколку едно лице со телесна тежина од околу 75 килограми е физички активно 30 минути, тогаш тоа ќе потроши околу 400 калории. На лицата со помала телесна маса, ќе им биде потребно малку повеќе време за да ја достигнат оваа бројка од 400 калории.
Секогаш размислувајте како да го активирате телото
Денеска на работа, наместо со автомобил или со автобус, одете пешки. Ќе заштедите и ќе се чувствувате поудобно во вашето тело. Избегнувајте ги лифтовите и ескалаторите. Истото така повремено работете лесни работи низ домот. Истражувањата покажуваат дека можете да потрошите 200 калории само со бришење прашина и чистење со правосмукалка.
Внимавајте со храната
Пробајте да ги зголемите дневните оброци бројно, но не и количински. Па така, наместо три дневни оброци пробајте истата храна да ја распоредите во пет или шест оброци, притоа внимавајте истите да содржат храна полна со витамин ц, протеини и растителни влакна. Со самото внесување на природна и органска храна, вашето тело ќе почне да согорува калории при варењето на истата.Овие неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да успеете да ја одржите вашата идеална линија.
Никогаш не дозволувајте да ве фати м
_original.jpg)


