Овие светски лидери не одат на парадата во Москва, а треба да бидат БЛАГОДАРНИ што Русија ја спаси Европа од нацистите!

Иако Русите во најголема мерка се заслужни за поразот на Адолф Хитлер и фашизмот, лидерите на најмоќните земји одлучија да не им оддадат почит на војниците и цивилите кои ги дале животите во Втората светска војна.Русија на 9. мај планира да одржи спектакуларна воена парада на Денот на победата над фашизмот, кога сојзуничките сили ја поразија нацистичка Германија во Втората светска војна.
Списокот на приустни, а посебно на оние коишто ќе отсуствуваат, сведочи за затегнатиот однос помеѓу Русија и Западот.
Традиционално, Кремљ 9. мај го смета за денот кога завршила Втората светска војна. Капитулацијата е потпишана на 8. мај 1945 година во Берлин, односно 9. мај по московско време.
По повод одбележувањето на 70 години од доаѓањето на сојзуничките сили во Нормандија, францускиот претседател Франсоа Оланд минатата година сепак отишол на парадата во Русија и не го негирал големиот допринес кој Русите го дале во Втората светска војна. Но, годинава изгледа им подлегна на притисоците.
Британскиот премиер Дејвид Камерун даде до знаење дека нема да присуствува на церемонијата. Своето отсуство го најавил и американскиот претседател Барак Обама, бидејќи Белата куќа навела дека немаат никаков план за патување во Русија.
Германската канцеларка Ангела Меркел исто така ја одбила поканата, но дипломатски нагласила дека ќе дојде во Москва еден ден покасно, со намера да положи венец.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе ја одбил поканата, а како причина навел дека имаат проблем околу „северната територија“.
Меѓу оние кои нема да присуствуваат се вбројуваат и претседателот на Полска, Бронислав Коморовски, како ниту лидерите на Литванија, Летонија, Грузија и секако, Украина.
Кризата во Украина, како изговор ја искористиле и финскиот претседател Саули Нинсте, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, лидерите на Словенија, Словачка, Бугарија, Холандија и Норвешка.
Имено, од 68 поканети лидери, само 26 до сега дале позитивен одговор.
Кремљ, од друга страна може да рачуна на присуството на кинескиот претседател Си Џипенг, како и на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун.Русија на 9. мај планира да одржи спектакуларна воена парада на Денот на победата над фашизмот, кога сојзуничките сили ја поразија нацистичка Герма

Пронајдете не на следниве мрежи: