Овие светски лидери се ПОГОЛЕМА ЗАКАНА за слободата на новинарството од тероризмот!

Во неделата, околу 3,7 милиони луѓе се собрале низ цела Франција за да им оддадат почит на новинарите кои безмилосно беа убиени во редакцијата на францускиот сатиричен весник „Шарли Ебдо“.Воедно, тоа беше и колективно движење кои посочи дека треба да постои слобода на изразувањето кога станува збор за тероризмот и воопшто стравот – само што голем дел од светските лидери кои се појавија на настанот, се поголема закана за новинарството од самите терористи.
Како што забележале новинарите од непрофитната организација „Без граници“, во неделата се собрале „хипокрити“ кои со своите дејствувања ги менуваат можностите за слободното изразување на медиумите и тоа повеќе од терористите.
Овие се дел од нив:
Британскиот премиер Дејвид Камерон
Во 2013 година, британскиот премиер јавно им се закани со тужба на весниците кои ја објавија информацијата дека Едвард Сноуден почна да ги издава тајните на разузнавачките служби. Сепак, кога Guardian ја објави веста, програмери од GCHQ дошле во редакцијата на весникот и ги присилија уредниците да ги уништат своите хард дискови.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Во јули, новинарите на „Без граници“ објавија детални информации за тн. „намерно нишанење“ кон професионални новинари со апсење и закани од страна на израелскиот премиер, кое се случуваше во 2014 година и се однесуваше на конфликтот во Газа. Наредниот месец, палестинскиот фоторепортер Рами Рајан, беше пронајден меѓу мртвите кога израелската војска гранатираше пазар во Газа. Да биде уште почудно, војниците биле во состојба да видат дека тој всушност носел елек, на кој со големи букви пишувало „ПРЕС“.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу
Турција смести најголем број новинари зад решетки од било која друга земја во светот, во периодот помеѓу 2012 и 2013 година. Кина официјално се „смести“ на таа позиција минатата година, но поголем дел од турските новинари сѐ уште се наоѓаат зад решетки. Во моментов, турската власт кривично гони 70 новинари, кои објавија информации за скорешен случај на корупција.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас
Мамдух Хамамре, кој работи во палестинстака телевизиска станица Ал Кудс, се пошегува на Фејсбук дека палестинскиот претседател изгледал како Фајез Казак (актер кој глумел шпион во популарно ТВ шоу). Таа шега го сместила зад решетки. Проценете сами дали наликуваат еден на друг ТУКА
Кралот Абдулах Втори од Јордан
Минатата година, Мудар Захан беше осуден на 15 години затвор затоа што јавно ја критикувал државата. На Захан му беше одобрен азил во Велика Британија, каде што живее во моментов.
Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита
Француската новинарка Дороти Тиено, беше протерана од градот Гао откако објавила дека војската на Мали врши егзекуции на осомничени исламистички милитанти.

Шеикот Мухамед бин Хамад бин Калифа Ал Тани од Катар
Катарскиот поет Мухамед ал Ајами беше уапсен во 2011 година и осуден на доживотен затвор, откако напишал поема која наводно го навредила Ал Тани. Неговата казна подоцна била намалена на 15 години затвор.
Словенечкиот министер Миро Церар
Во 2013 година, словенечкиот блогер Митја Кунстељ беше осуден на шест месеци затвор откако  „навредил“ и „обезвреднил“ двајца колеги новинари на својот блог.
Ирскиот министер Енда Кени
Богохулењето е криминален акт во Ирска
Полскиот премиер Ева Копац
Полската полиција минатата година упадна во редакцијата на магазинот Wprost, откако беше објавена информацијата за тајно снимен разговор помеѓу двајца претставници на владата.
Саудискиот амбасадор во Франција Мухамед бин Исмаил Ал Ал-Шеик
Во мај 2014 година, саудискиот блогер Раиф Бадави беше осуден на 10 години затвор и 1000 камшикувања поради „навредување на исламот“. Тој беше јавно казнет на плоштад во градот Џеда, само два дена пред одржувањето на изборите.
Грчкиот премиер Антонис Самарас
Фоторепортерката Татијана Болари беше претепана од страна на полицијата која минатата година ги обезбедуваше демонстрациите во Атина. Иако нејзината опрема ја идентифицирала како новинар, полицајците сепак не се двоумеле да ѝ нанесат физички повреди.
Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри
Двајца новинари на Ал Џезира беа осудени на седум и десет години затвор, откако известиле за соборувањето на поранешниот египетски претседател Мухамед Морси од власта и за политички наместените демонстрации.
Алжирскиот министер за надворешни работи Рамтани Ламамра
Алжирските власти го осудија новинарот Абдесами Абделхаи на 15 месеци затвор, откако наводно му помогнал на уредникот на весникот да избега од земјата. Неговиот уредник бил обвинет дека ја „загрозува националната безбедност“, бидејќи јавно зборувал за здравствената состојба на претседателот Абделазиз Бутефлика.Воедно, тоа беше и колективно движење кои посочи дека треба да постои слобода на изразувањето кога станува збор за тероризмот и воопшто стравот &nd

Пронајдете не на следниве мрежи: