Можеби делуваат дека психички се многу стабилни, но тоа е заблуда. Астролозите велат дека овие хороскопски знаци важат за најлабилни.Риби
Толку многу хиперсензитивност сместена во една личност не може никому добро да донесе. Тие постојано мислат дека ним им се случуваат најлошите работи во животот и тоа не можат да го поднесат. Често велат дека ќе полудат.
Од пубертет почнуваат да им попуштаат нервите, а како се случуваат некои лоши работи, така секоја Риба мисли дека го допрела дното. За неа се својствени повремени хистерични напади, како и разни фобии, кои периодично се менуваат.
Водолија
Нивните блиски сметаат дека една Водолија е исклучително силна личност која може многу да издржи. И може, сѐ додека не ѝ се спојат жичките во главата. Колку и да личи дека е весела и позитивна, во секоја Водолија се крие голем депресивец.
Скорпија
Тие важат за најмрачни типови во хороскопот. Тие се и големи агресивци. Ако паднат во мрачна фаза, им проработува бесот, па склони се кон физички пресметки и правење сцена. Ги памтат и како одмаздољубиви.