Дали нешто што ве исполнува би го правеле со вашиот партнер или повеќе со најдобриот пријател, е само едно прашање кое морате да си го поставите себеси кога размислувате за партнерот на долг рок.Дали го одбрав правиот – е прашање кое сите жени безброј пати си го поставиле на себе. Иако е основен предуслов за овој одговор личноста со која ја планирате блиската или далечната иднина, постои предуслов за кој морате да размислите пред да се одлучите на некого да му го поклоните срцето.
1. Емоции
Заљубеноста е убаво чувство кое покрај пеперутки во стомакот прави и уште една нус појава. Се работи за таканаречене кратковидост која не ни дозволува реално да ја видиме ситуацијата во која се наоѓаме. Прашањето кое мора секоја жена да си го постави е : Дали сте заљубени во него или сликата која ја имате за него?
2. Желби
Една личност може да не привлече на различни начини. Понекогаш е доволен физички изглед а понекогаш начин на живот, интелект или пак убави зборови. Но понекогаш личноста во која сме заљубени во даден момент ги исполнува нашите желби, односно емоционалната празнизна која ја осеќаме, или пак не ја осеќаме, но постои. Затоа треба да се преиспитате: Дали личноста која седи до мене е навистина таква или пак само така си ја доживувам?
3. Потреби
Секој од нас има одредени потреби, дали физички или емоционални. Поради тоа е многу важно да пронајдете партнер кој ќе ги исполни тие потреби. За две личности да функционираат, важно е потребите да бидат обострано, што значи вие и вашиот партнер да имате заеднички животни цели, слично или исто гледање на забавата и заедничкиот живот.Дали го одбрав правиот – е прашање кое сите жени безброј пати си го поставиле на себе. Иако е основен предуслов за овој одговор личноста со к