Вибер одамна ја освои љубовта на многубројните корисници, но не се сите запознаени со неговите функции. Ако ве интересира како да ја подобрите работата со оваа апликација, постои начин како да го направите тоа.1. Скријте ја информацијата кога сте биле онлајн
Влезете во „Нагодувања“ – „Приватност“ и исклучете го статусот „Онлајн“. Дури и ако влезете на Вибер за да го направите овој чекор, никој нема да дознае.
2. Скријте го статусот за преглед на пораки
Доколку сакате испраќачот да не дознае дека сте ја прочитале неговата порака, влезете во „Нагодувања“, изберете ја опцијата „Известувања“ и деактивирајте ја опцијата „Прикажи ги прегледаните пораки“.
3. Не преоптоварувајте ја меморијата на телефонот
Гласовните пораки од четовите на Вибер автоматски се чуваат во телефонот. За да не ја преоптоварувате меморијата, најдобро е да ги избришете. Влезете во „Нагодувања“ – „Медија“ и кликнете на опцијата „Избриши ги гласовните пораки“.
4. Скријте ја профилната фотографија од непознати корисници
Ако не сакате вашата профилна да ја гледаат сите корисници на Вибер, влезете во „Нагодувања“ – „Приватност“ и деактивирајте ја опцијата „Прикажи ја својата фотографија“. Сега, корисниците коишто не се наоѓаат на вашата листа на пријатели, нема да ја видат вашата фотографија.
5. Отстранете го статусот „Користи ја апликацијата“
Уште една можност: практично сите апликации и игри кои ги инсталирате на телефонот се синхронизирани со Вибер. На тој начин, стануваат видливи и за другите корисници од вашата листа на контакти. За да ја исклучите оваа опција, влезете „Нагодувања“ – „Приватност“ и исклучете ја опцијата „Користи ја апликацијата“.
6. Ставете лозинка
Ако не сакате некој да ги чита вашите пораки, може да ставите лозинка на Вибер. Самиот месенџер нема таква опција, но оваа корисна програма можете лесно да ја преземете во било кој App Store и да го инсталирате за неколку минути.
7. Инсталирајте Вибер на својот компјутер
Уште еден корисен совет во врска со користењето на апликација – допишувајте се со други корисници на Вибер преку својот компјутер. Едноставно, инсталирајте го на компјутерот.1. Скријте ја информацијата кога сте биле онлајн
Влезете во „Нагодувања“ – „Приватност“ и исклучет