Бразил може да се пофали со своите пет трофеи од Светските првенства во фудбал, Данска ја носи титулата на „Најсреќна држава на светот“, но не можат сите држави да се пофалат со убави работи.За денес ви подготвивме топ 10 факти за кои никој не сака да зборува. Алкохол, цигари, проституција – прочитајте ги најцрните светски податоци!
10. Кој најмногу консумира цигари?
Иако Австрија важи за една од државите на Европската унија каде што пушењето е „ин“ и каде што бројот на пушачи драстично е паднат, таа сепак го зазема првото место како држава во која дури 37% од населението се зависни од цигари.
9. Најголеми алкохоличари се…
Иако жителите кај нас, но и во земјите од регионот, се прават важни дека најмногу пијат и имаат најголем број кафулиња, државата која е прва по испивањето на алкохол е сепак Белорусија. Статистиките велат дека вкупно се испиваат по 17,5 литри по глава на жител.
8. Пластика
Дали знаете дека Јужна Кореја се наоѓа на прво место според бројот на пластични операции? Се претпоставува дека една од пет жени имала некој облик на пластична операција.
7. Каде што повеќе нема шуми…
Местото кое е познато по најбрзото сечење шуми на светот е Хондурас. Дури 70% од луѓето живеат во сиромаштија, а дрвото им е единствен извор на енергија.
6. Каде живеат луѓето со најкраток животен век?
Со просечен животен век од само 49 години, Чад е државата со која го држи овој рекорд.
5. Најстариот занает
Не, не станува збор за Унгарија, ниту Украина – тоа е Германија со дури 300.000 луѓе кои работат во сексуалната индустрија.
4. Човек за ручек?
Канибализмот е ретка појава, но и до ден денес се практикува во некои племиња. Едно докажано племе живее во Папуа Нова Гвинеја, а тука се и Конго, Амазонија…
3. Кој ги мрази животните?
Јапонија е на прво место како држава која е најсурова кон животните.
2. Деца во војната…
Сомалија е држава која според статистиките има најмногу деца-војници. Некои од нив имаат само 10 години, а од мали нозе се учат да користат оружје.
1. Трговија со луѓе
Државата која е позната како место со висока стапка за трговија со луѓе е Бангладеш. Секоја година, помеѓу 600.000-800.000 луѓе се пренесуваат преку граница за продажба.За денес ви подготвивме топ 10 факти за кои никој не сака да зборува. Алкохол, цигари, проституција – прочитајте ги најцрнит


