Овие знаци покажуваат дека можете ВЕДНАШ да останете бремена

Жената може да забремени само за време на плодните денови, поточно само за време на овулација. Иако постојат разни методи за утврдување кога точно ви се плодните денови, новите истражувања покажуваат дека тоа се отсликува на нашето лице, тело и расположение. Во превод, понекогаш еден поглед е доволен да ви покаже дека сте плодни.
Румени образи
На жените образите им се порумени кога се во овулација, а тоа го потврдија и научниците од Универзитетот во Глазгов. Всушност, целата кожа е поцрвена, но тоа најмногу се одразува на образите, објаснува водачот на истражувањето др. Бенедикт Џоунс. За оваа појава можеме да му се заблагодариме на хормонот естрадиол, кој засилено се лачи токму во плодните денови, а кој праќа крв во тенката кожа на лицето.
Секси глас
Можеби звучи неверојатно, но жените во текот на месецот ја менуваат бојата на гласот. Во истражувањето чии резултати се објавени во стручниот магазин „Physiology and Behavior“, дека кожата на мажите за 20% повеќе им се ежи кога ќе им се обрати жена во овулација, во однос на реакцијата кога ќе им се обрати жена во друг период од менструалниот циклус. За се повторно се заслужни хормоните, со оглед на тоа дека влијаат на грлото, гласните жици и ткивото кое ги окружува токму како што влијаат на материцата. Ако забележите дека мажите поинаку реагираат на вашиот глас, знајте дека тоа е во прашање.
Полни усни
Не ви требаат силикони- хормоните можат да ви ги зголемат усните без проблем! Д-р Миријам Ло Смит од Велика Британија предводела истражување во кое е докажано дека жените се навистина поубави за време на овулацијата. Тоа што можете да го забележите во овие денови се полни усни, поголеми и посјајни очи и поубава кожа.

 

Болки во стомакот
Иако болките во стомакот се почести во деновите на месечниот циклус, постои и ништо што се вика овулациона болка. Околу 20 отсто од жените чувствуваат болка за време на овулацијата, а со тоа може да дојде и благо чувство на притисок кој трае се на се 5 минути. Не станува збор за силна болка, како кога добиваме менструација, туку за блага „тапа“ болка.
Носите црвено
Жените во овулација несвесно се свртуваат кон јаките бои, кои најдобро го привлекуваат вниманието кон себе. Доколку инаку не носите црвена или розова боја, но одеднаш ќе се почувствувате како да можете да го извадите тоа фустанче со јака боја и да го облечете – погледнете го календарот, можеби сте плодни. Иако постојат разни методи за утврдување кога точно ви се плодните денови, новите истражувања покажуваат дека тоа се отсликува на нашето лице, тело

Пронајдете не на следниве мрежи: