Овој брак кој трае веќе 80 години ќе ви ја врати вербата во љубовта!

Тие двајца се запознаа како тинејџери и тоа десет години пред почетокот на Втората светска војна, а пред неколку дена прославија 80 години од бракот. Морис и Хелен Кеј од Велика Британија, сега имаат 102, односно 101 година, но годините ништо не ѝ можат на нивната љубов!Тие се запознале во 1929 година, кога тој имал 17, а таа 16 години. Хелен работела во продавницата на нејзината мајка во која еден ден влегол Морис. Тој толку долго останал во работилницата, што мајката ја прашала Хелен кој ќе го исфрли надвор. Овој стар брачен пар со насмевка се сеќава на тие денови, а Хелен признава дека најмногу ја привлекол нејзиниот автомобил.
„Тој имаше автомобил, што беше реткост за тоа време. Поради тоа ми стана интересен“, раскажува оваа симпатична бабичка за ВВС.

Меѓутоа, тие не можеле веднаш да се земат, бидејќи Хелен имала постара сестра која морала прва да се омажи. Затоа, тие застанале „лудиот камен“ на 27 август 1934 година. Иако тоа се случило пред 80 години, господин и госпоѓа Кеј и понатаму се сакаат.
Иако Хелен тврди дека една од тајните на успешниот брак е тоа што се многу толерантни еден кон друг и што силно се сакаат, Морис има поинаква теорија.
„Безбеден сум, сѐ додека се сложувам со неа“, вели тој и повторно извлекува насмевка на лицето на неговата сопруга.
Иако тврдат дека не ја знаат тајната за долг и успешен брак, Хелен тврди дека смеата е прилично битна, а тие двајца се смеат на исти работи.
Овој брачен пар има две деца кои сѐ уште се живи, седум внуци и шест правнуци.Тие се запознале во 1929 година, кога тој имал 17, а таа 16 години. Хелен работела во продавницата на нејзината мајка во која еден ден влегол Морис

Пронајдете не на следниве мрежи: