Овој чај го подобрува здравјето и ја одржува убавината!

Зелениот чај се добива со сушење на пупки и листови од билката Camellia sinensis.Листовите кои се набрани меѓу март и април се со најбогати активни состојки.

Освен што се користи за подготовка на различни напитоци и деликатеси, зелениот чај има важно место и во козметичката индустрија.

Благодарение на антиоксидансите кои ги содржи, оваа билка помага косата и кожата да го задржат младешкиот изглед.

Од фино мелен зелен чај можат да се направат домашни маски за лице, тоници и раствори за миење на косата, течност за капење на телото и слично.

Доколку измешате прав од зелен чај со малку мед, млеко или јогурт, ќе добиете хранлива маска за лице со богати бројни корисни состојки.Листовите кои се набрани меѓу март и април се со најбогати активни состојки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.