Варнер Фројнд, храни 29 волци од Европа, Канада, Сибир, Арктик и Монголија. Уште во 1972-та година отворил парк во кој одгледувал 70 животни.Варнер Фројнд, во последниве 40 години живее со волци. Се грижи за 29 волци во својот дом, во близина на Мерциг, Германија.
Овој поранешен спортист е толку близок со дивите животни, што тие дури и му јадат од уста. Во својот парк, кој го носи неговото име, Варнер чува волци од Европа, Сибир, Канада, Арктик и Монголија. Некои од нив се многу слични, додека арктичките волци се разликуваат по белото крзно.
За време на хранењето, Варнер мора да внимава, најпрво да го нахрани водачот на волците, но и да се погрижи останатите да не му пречат додека јаде, за да не му ја нарушат строгата хиерархија. Почитта е една од причините поради која волците никогаш не го нападнале, туку уживаат во неговите игри и му покажуваат наклонетост.
Имотот на Варнер се простира на 25 хектари, а го основал во 1972-та година. Во период од 4 години, одгледал повеќе од 70 животни, пренесува Daily mail.
Варнер Фројнд, во последниве 40 години живее со волци. Се грижи за 29 волци во својот дом, во близина на Мерциг, Германија.
Овој поранешен



