Овој детаљ менува сѐ: Откриено е зошто малезискиот авион сѐ уште не е пронајден!

Еден од деталите од првиот обемен извештај за фактите поврзани со случајот за исчезнувањето на малезискиот боинг МХ 370, е тој дека батеријата на црната кутија, која под вода праќа сигнали во случај на пад – се потрошила нешто повеќе од година дена пред да исчезне авионот на 8 март минатата година!Станува збор за кутија која ги снима сите податоци за летот, додека батеријата во кутијата која ги снима звучните записи била исправна.
Сѐ уште не е познато дали оваа информација ќе има поголмо значење при решавањето на мистеријата за исчезнувањето на авионот, но очигледно е дека луѓето коишто трагаат по остатоците од авионот, можеби и се приближиле до леталото во Индискиот Океан, но не биле во состојба да регистрираат било каков сигнал.
Напротив, во изминатите година дена, есппертите се прашувале како е можно уредот УЛБ од црната кутија, кој бележи голем број на авионски параметри и со чија анализа може да се заклучи што довело до несреќата, не пратил никаков ултрасоничен сигнал во случај на пад на авионот во море.
Освен читањето на извештајот кој малезиската влада мораше да го објави според прописите на Меѓународната цивилна авијација, првата годишнина од несреќниот настан во кој 227 патници и 12 членови од посадата се прогласени за мртви, во Куала Лумпур беше одбележана со платна кои беа поставени на повеќе места, на кои граѓаните можеа да ги запишат своите мисли и да се присетат на жртвите од несреќата.
Австралискиот премиер Тони Ебот, чија земја ја води потрагата по остатоците од исчезнатиот авион, изјави дека потрагата „не може да трае засекогаш, но дека доколку постојат било какви траги, сигурно ќе биде продолжена“.
Членовите од семејствата на исчезнатите кинески жртви во несреќата, кои чинеле две третини од патниците во авионот, се заложуваат за продолжување на потрагата.
„Малезија ја продолжува потрагата, со надеж дека остатоците од авионот ќе бидат пронајдени. Болката на членовите од семејството не може да се опише со зборови. Уште потешко е за поднесување, бидејќи недостигаат одговори на многу прашања, како и конечен и конкретен доказ“, изјави малезискиот премиер Наџиб Разак.
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, исто така ја поддржа идејата за продолжување на истрагата, потврдувајќи дека таа нема да биде прекината.Станува збор за кутија која ги снима сите податоци за летот, додека батеријата во кутијата која ги снима звучните записи била исправна.
Сѐ

Пронајдете не на следниве мрежи: