ОВОЈ ДЕТАЉ на пенкалата, годишно спасува стотина детски животи

Тоа што е интересно е фактот дека таа мала промена во дизајнот годишно спасува до стотина детски животи, како и помал број на животи кај возрасните. Пенкалото со капаче кое секој од нас го користел и повеќе од еднаш, во 1991 година доживеа редизајн кој помина сосема незабележано.
Дизајнерите на популарното пенкало наречено „Cristal pen“ од компанијата ВIC направија мала дупка на врвот на капачето, а наскоро сите произведувачи на пенкала ставија на своите капачиња.

Популарното кристално пенкало


Тоа што е интересно е фактот дека таа мала промена во дизајнот годишно спасува до стотина детски животи, како и помал број на животи кај возрасните.
Имено, малите деца често ставаат разни предмети во уста, меѓу кои и чепот од пенкалото ако го пронајдат. Возрасните од друга страна кога се нервозни, го гризаат и тегнат капачето. Таквото однесување и кај децата и кај возрасните може да предизвика гушење, бидејќи не можат да го проголтаат капачето кое ќе им застане во душникот, доколку се случи со него да почнат да се дават.
Токму во тие моменти дупчето кое се наоѓа на врвот од капачето е пресудна, бидејќи му овозможува на детето или на возрасната личност, доволен проток на воздух со кој може да преживее до доаѓањето на Брзата помош.

Пронајдете не на следниве мрежи: