Овој факт во филмот „Адвокатот на ѓаволот“ не сте го забележале

 
Сите го сакаме филмот „Адвокатот на ѓаволот“ од 1997 година, и многумина се уште ги помнат Ал Пачино, Кијану Ривс, како и Шарлиз Терон, интересниот пресврт на филмот, како и многу цитати што ги среќаваме и ден денес. Но, неодамна еден член на интернет форум посочил интересен факт што никој од нас го нема забележано. Имено, костумите што ги носи Ривс, се „показател на неговата моралност“, низ филмот.
  
Кевин Ломакс, адвокатот игран од Кијану Ривс на почетокот од филмот носи светли костуми. Но понатаму, како што неговите одлуки стануваат се помрачни, така и неговите костуми се се потемни во наредните сцени. На кулминацијата, кога Ломакс застапува човек кој е осомничен за тројно убиство, носи црно.

Постојат и фанови кои не се убедени во оваа теорија. Според нив, бојата на костумот се менува со повисокиот статус во општеството што Ломакс го стекнува градејќи ја кариерата. Дали промената на бојата на костумите е показател на социјален статус или пак го означува моралниот компас? Во што и да верувате, ќе се сложите дека ѓаволот се крие во деталите.
  
Кевин Ломакс, адвокатот игран од Кијану Ривс на почетокот од филмот носи светли костуми. Но понатаму, како што неговите одлуки стану

Пронајдете не на следниве мрежи: