На Фејсбук се појави оглас кој за кратко време стекна голема популарност. Ненад М. Од Белград објави дека бара цимерка притоа даде детален опис на станот и ја прикажа неговата реална состојба.- Барам цимерка. Станот се наоѓа на Душановце во близина на Поштата. Станот има 32 квадрат плус една тераса, кабловска, интернет, греење на струја. По лице изнесува околу 40-60 евра во зимскиот период (бидејќи греењето е на струја) и околу 30 евра надвор од зимскиот период – го започна описот ова момче.
Понатаму се наведува дека во станот се наоѓа среден тоалет со машина за перење алишта, целосно опремена кујна, трпезарија (две маси за ручање) и мала тераса.
Тоа што би можело да ги привлече дамите да бидат состанари е и опцијата за намалување на станарината.
– Доколку потенцијалната цимерка е спремна да преземе сама дел од обврските околу евентуално средување на станот и домашните работи во смисла пеглање и сл., спремен сум да излезам во пресрет што се однесува до смалување на станарината – прецизира Ненад.
Поради изборот на фотографиите кои ги поставил на Фејсбук многумина се зачудија, па се уште никој не му се јавил.
– Огласот го поставив синоќа а се уште нема заинтересирани, ова е исто така прв пат да се огласам на социјалните мрежи, па ќе видам како ќе помине. До сега огласував само преку весниците па секогаш се јавуваа постари мажи иако нагласив дека сум заинтересиран за студентка, вели тој…
– Гледам дека сите коментираат за тоа колку просторот е среден, односно несреден, а никој за тоа колку е киријата намалена – додава Ненад (35), кој има студирано Филолошки факултет, но студирањето како што вели морал да го прекине поради приватни проблеми.
Тој во фотографиите не гледа ништо спорно.
– Нема тука многу наука и размислување: сам одлучив да ставам фотографии кои ја покажуваат реалната состојба на станот, без разубавување и шминкање, па кој е заинтересиран нека се јави. И навистина пожелно е сликите да ги „избркаат“ луѓето на кои тоа не им одговара, а да се јави девојка која навистина би сакала да живее кај мене – љубезно објаснува Ненад.
За крај додава дека е спремен да ја сведе на минимум киријата, па дури и да ја укине целосно, доколку девојката е спремна да ги извршува домашните работи, како пеглање, чистење и одржување на хигиена во станот.
– Сметам да дадам една фер и коректна понуда и некој со минимум труд да може да има сместување и услови за студирање. Колку што видов по другите огласи, цената на една просечна соба не е под 90 евра – вели Ненад.
Што мислите за неговата понуда?- Барам цимерка. Станот се наоѓа на Душановце во близина на Поштата. Станот има 32 квадрат плус една тераса, кабловска, интернет, греење на струја.



