Овој напиток ги прочистува крвните садови и го штити срцето

Овој еликсир ги прочистува артериите, ги регулира мастите во крвта, помага при настинки и инфекции, го зајакнува имунитетот и го прочистува црниот дроб.Комбинацијата на три природни состојки може значително да го подобри вашето здравје. За да го направите потребни ви се лук, ѓумбир, лимони и вода.
Состојки:
4 чешниња лук
4 лимони
3 до 4 см свеж ѓумбир
8 чаши вода.
Подготовка:
Измијте ги лимоните (со кората), а потоа исечете ги на коцки.
Лукот исчистете го.
Во блендер ставете ги лимонот, лукот и ѓумбирот. Мешајте ги додека се добие хомогена смеса.
Во тенџере на оган ставете ја смесата од блендерот и додајте ја водата. Повремено мешајте додека течноста зоврие. Штом течноста ќе зоврие, тенџерето тргнете го од огнот.
Тенџерето покријте го капак и оставете ги за време од неколку часови, а најдобро е преку ноќ за да се излади.
Течноста процедете ја. Напитокот ставете го во стаклено шише или тегла. Шишето чувајте го во фрижидер. Се препорачува да пиете 1 чаша (180 мл) на ден, најмалку 2 часа пред оброк. Напитокот за прочистување на крвните садови пијте го во рок од 21 ден. Потоа направете пауза за време од една недела и проверете ја крвта. По потреба може да ја повторите процедурата.Комбинацијата на три природни состојки може значително да го подобри вашето здравје. За да го направите потребни ви се лук, ѓумбир, лимони и вода.

Пронајдете не на следниве мрежи: