Многумина на негово место би седеле дома и би жалеле, но Фил Лебон откажаната венчавка и прекинатата свршувачка ги претвори во хуманитарна акција.Доколку сѐ одеше според планот, Фил Лебон (32) ќе се оженеше овој викенд и ќе славеше со пријателите и семејството во хотел Прајори. Наместо тоа, скршеното срце го залечи со хуманост.
Воден од англиската поговорка кој вели дека „од лимонот што те мава по главата, треба да направиш лимонада“, Лебон го применил во пракса – тој ја основал LemonAID фондацијата и решил да не дозволи да му пропаднат скоро 20.000 долари во вода (толку го чинела организацијата на венчавката).
„Храната, пиењето и музиката веќе се платени, а поканетите гости секако дека би ни дале пари како подарок“, објасни Фил.
Тој одлучил за хуманитарната вечер да ги продава картите по 75 долари и сите пари да ги донира за организацијата Surgicorps International, која бесплатно ги оперира децата од земјите во развој.
Добра вест е дека СИТЕ карти се распродадени.
На „венчавката“ која ќе се одржи на 31 август, ќе биде организирана и аукција на која ќе се понуди ручек со градоначалникот на Питсбург, како и патувања на разни дестинации.
Инаку, спомнатата организација постои уште од 1994 година и до сега им има помогнато на 8.000 пациенти. Околу 4.000 операции се направени кај децата и тоа во 17 различни земји. Најчести се операциите на „зајачка уста“.
„Лошите работи секојдневно се случуваат. Но, ништо од она што ми се случи не може да се мери со среќата на овие деца“, заклучи овој несуден младоженец.Доколку сѐ одеше според планот, Фил Лебон (32) ќе се оженеше овој викенд и ќе славеше со пријателите и семејството во хотел Прајори. Наместо тоа, с



