Овој носорог го чуваат 24 часа. Причината за тоа ќе ве погоди ПРАВО ВО СРЦЕ!

Фотографиите од наоружана гарда на единствениот и последен мажјак од видот на северниот бел носорог на планетата, го преплавија интернетот и наидоа на одобрување на љубителите на животни и природата ширум светот.На фотографијата можат да се забележат најмалку тројца кениски ренџери како стојат покрај Судан, кому друштво му прават и двете последни женки. Тројцата се последните живи примероци од својот вид кој на Земјата постои веќе 50 милиони години. Судан му припаѓа на заштитениот национален парк Пајета во Кенија, кој е распространет на околу 4.000 хектари и во кој моментално живеат 105 црни, 23 бели, како и трите спомнати примероци од северните бели носорози.
Овој национален парк е често напаѓан од ловокрадци, па токму затоа се ангажирани повеќе ренџери кои ги чуваат животните.
Во февруари годинава, властите во Кенија со помош на многубројни меѓународни организации покренаа кампања за собирање средства со кои би му се понудил опстанок на северниот бел носорог. Но, за жал, кампањата досега не покажала некакви резултати. Во моментов, околу 40 ренџери се менуваат да го чуваат Судан, но поради големите трошоци и недостаток на финансии, постои голема опасност дека тој наскоро ќе биде препуштен сам на себе – што веројатно ќе значи и дефинитивен крај на овој вид.
Дека човекот е виновен за скорото истребување на северните бели носорози, зборува и податокот дека во 60-тите години од минатиот век постоеле повеќе од 2.000 животни од овој вид во африканските савани, а дека за само 20 години подоцна нивната бројка паднала на само 15. Ова стои во извештаот на Светската фондација за заштита дивите животни (WWF).На фотографијата можат да се забележат најмалку тројца кениски ренџери како стојат покрај Судан, кому друштво му прават и двете последни женки. Тро

Пронајдете не на следниве мрежи: