Овој осамен гроб ја крие најтажната приказна

На гробиштата во Крагуевац, во гроб без плоча, каде има само крст, почиваат во мир бездомниците и непознати лица, а меѓу нив се наоѓа гроб кој ја крие најтажната приказна.89-годишниот Драгослав и 87-годишната Верица Јермиќ починале во 2012 година, но се доказ дека вистинската љубов постои. Шест децении ги поминале во брак, а починале во ист ден и заедно почиваат во мир. На Верица и се слошило, паднала и починала, а од тага и нејзиниот сопруг починал до неа. Соседите по неколку дена ги виделе на подот на семејсната куќа како се држат за рака.
Тоа е приказната која кружи во Крагуевац за љубовта која ни смртта не можела да ја раздели. Верица била пензионирана учителка, а нејзиниот сопруг општински службеник.
Неколку дена пред смртта таа доживеала инфаркт, а тој продолжил да се грижи за неа. Српските Ромео и Јулија биле заедно погребани.
 89-годишниот Драгослав и 87-годишната Верица Јермиќ починале во 2012 година, но се доказ дека вистинската љубов постои. Шест децении ги поминале во

Пронајдете не на следниве мрежи: