Oд Македонија заминав во Албанија, власта нека ги открие деталите

– Од Македонија заминав за Албанија, каде се пријавив во унгарската Амбасада во Тирана каде побарав политички азил, а отаму дојдов во Унгарија. Заради безбедносни причини, тие одлучија да бидам транспортиран на начинот според кој тоа и се изведе. Од актуелната Влада велат дека ќе ги откријат сите детали околу бегството, па да оставиме на нив да го сторат она што го ветуваат, беше одговорот на едно од прашањата поставено на Никола Груевски во првото интервју за ТВ “Сител“ по бегството и добивањето азил во Унгарија, додавајќи дека никој од власта не му помогнал.
Целото интервју ќе биде емитувано во централниот Дневник на “Сител“ во 19:00 часот.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.