П.С. Те сакам

На секој му треба ангел-чувар. Чувар на срцето, на душата, на спокојот. Токму таков ангел Холи имаше при себе. Ангел подарен од Бога, сродна душа, втора половина…Некои луѓе целиот свој живот го поминуваат барајќи ја својата сродна душа, но тоа не беше случај со Гери и Холи. Нивната неизмерна љубов  беше легенда која започна од средношколските денови и траеше се до последниот ден .
Холи не можеше да живее без нејзиниот сопруг се до денот кога смртта не ги раздели. Тие беа родени еден за друг. Си ги довршуваа речениците, си ги надополнуваа мислите,  со еден збор-беа совршени.  Кога Холи се соочи со страшната загуба, беше разочарана и депресивна.  
Таа се бореше со тоа што ќе прави во животот сега кога нејзината љубов ја нема повеќе. Се трудеше  да стане наутро, не ја напушташе куќата воопшто, не комуницираше со никого, не одговараше на повиците на нејзините пријатели и најблиски.
Но, еден ден нејзината мајка и соопштува дека пристигнал пакет за неа и дека треба да го подигне. Холи сфаќа дека се работи за писма кои што ги напишал Гери пред  да ја напушти.
Пакетот е составен од 10 писма. Секое писмо содржи инструкции што да прави кога него ќе го нема повеќе. Дозволено и е да чита само по едно писмо месечно и секое содржи уникатни инструкции.  Писмата содржат работи што Холи никогаш не би ги направила да беше  жив Гери, но бидејќи тие се последната работа што и преостанаа од Гери, се решава да ги исполни сите неговите последните желби. Иако знае дека него го нема, овие писма се единствената работа што ја одржуваат во живот. Таа мора да  продолжи  да го живее својот живот.
Со помош на писмата, полека почнува да го враќа животот во нормала. Наоѓа работа, среќава нови луѓе, излегува на забави, оди на одмор со своите пријатели, насетува нова романса во нејзиниот живот, но дали ќе успее да соочи со новите предизвици… тоа останува вие да го прочитате во ова неверојатно љубовно дело.
Ова прекрасно дело можете да го нарачате на KupiKniga.mk
https://kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=107Некои луѓе целиот свој живот го поминуваат барајќи ја својата сродна душа, но тоа не беше случај со Гери и Холи. Нивната неизмерна љубов  беше

Пронајдете не на следниве мрежи: