Многумина на почетокот на врската се трудат посебно да се дотераат, особено девојките, за да ја привлечат личноста за која се заинтересирани. Некои пак тоа не го прават, само да видат дали таа личност е заинтересирана за нив, а не за нивното деколте.За да нема недоразбирање, секако кога се гледате со ново момче, не треба да се појавите со мрсна коса, во стара износена тренерка која уште и кој знае од кога не е перена. Ниту пак мислиме дека тој треба да се појави неистуширан кој знае од кога и со брада од три дена.
Таквата постапка повеќе од сигурно ќе делува одбивно кај двајцата партнери. За личната хигиена без да напоменуваме, треба постојано да се грижиме и не треба да бидеме во неиспрана облека која при тоа и се распаѓа.
Она на што мислиме е дека не мора веднаш, уште на почетокот на врската да се појде кај фризеката за да ви направи некоја специјална фризура, да купите некој скап фустан, нови чевли, кои потоа со тешка мака ќе ги отплаќате, или да се нашминкате како да одите на некоја свеченост. Нема да пречи така да се облечете за некоја прилика, но не секогаш кога ќе излегувате со него.
Добро би било да му/и дадете можмост да ве види во нешто едноставно, како што се џемпер, фармерки (се разбира чисти), во нешто што не ги истакнува вашите гради и задник.
Доколку тој тогаш стане незаинтересиран, барем ќе знаете што го интересирало кај вас… дали сакате таков партнер? Доколку остане со вас, многу е поверојатно дека го интересира нешто повеќе од вашите облини.
Ова беше воопштено. Доколку спаѓате во девојки на кои им е нормално секој ден повеќе време да посветат време на внимателно шминкање и дотерување (секако со потребната лична хигиена) без разлика дали се запознавате со некој нов дечко или не, нема смисла да облекувате нешто што инаку воопшто не го носите со цел новиот дечко да го ставите на проба. Бидете свои и само напред!
Ако сте свои носејќи џемпер и фармерки, немојте да се присилувате секогаш да бидете во мал црн фустан и на високи потпетици, освен ако не планирате тоа да ви биде нов имиџ и така да го поминете остатокот од животот.
Дозволете му да ве запознае онаква каква што сте, само така ќе привлечете онаков партнер каков што навистина посакувате во вашиот живот.За да нема недоразбирање, секако кога се гледате со ново момче, не треба да се појавите со мрсна коса, во стара износена тренерка која уште и кој з