Феминистките веруваат во еднаквост за сите. Тие се навистина прекрасни луѓе и затоа не е чудно што си се вљубил во девојка која не се срами гласно да каже за што се залага…Ќе бидеме искрени, излегувањето со феминистка знае на моменти да биде предизвик, но со љубов и разбирање, и најголемите проблеми лесно се надминуваат.
На што треба да бидеш подготвен пред да се заљубиш?
Биди подготвен да го гледаш светот на малку поинаков начин отколку досега
Можеби заедно ќе гледате некој филм кој ти навистина го сакаш, а таа ќе смета дека е екстремно шовинистички. Немој да реагираш негативно ако таа почне да ти објаснува зошто не и се допаѓа твојот омилен филм, туку ислушај ја до крај, можеби и ти ќе почнеш да го гледаш од друга перспектива.
Бонтонот секогаш е добредојден.
Иако филмовите покажуваат нешто друго, биди убеден дека феминистката нема да ја навредиш ако ја почестиш пијалак, ако џентлменски ѝ ја придржиш вратата или ѝ помогнеш да го облече капутот.
Знај дека нема да премолчи ако некој пред неа почне да се расфрла со шовинистички изјави
Ако имаш пријатели или постари роднини кои знаат да кажат дека местото на жената ѝ е во кујна, заедничкото запознавање одложувај го колку што можеш повеќе.
Дозволи ѝ да те научи за феминизмот
Ако сметаш дека Бијонсе не може да танцува на сцена облечена во провокативна облека и притоа да се нарекува себеси феминистка, твојата девојка ќе ти објасни каде грешиш.Ќе бидеме искрени, излегувањето со феминистка знае на моменти да биде предизвик, но со љубов и разбирање, и најголемите проблеми лесно се надминува