Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, на Клиниката за радиологија, вчера околу 15.00 часот четириест и шестгодишниот И.И. го навредувал персоналот, физички нападнал болничар, а го искршил и стаклото од вратата на ходникот, по што интервенирало обезбедувањето.Причина за ваквото однесување, соопшти денеска МВР, било поради презакажан рок за „мој термин“.
Подоцна, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија – Скопје соопшти дека И.И. кoj вчера го предизвика инцидентот во таа јавна здравствена установа, тој ден немало закажан преглед во Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“.
Пациентот, стои во соопштението, веќе бил снимен во клиниката, а вчера требало да се изврши дополнително снимање на барање на докторот, поради уточнување на дијагнозата.
Од Клиниката информираат дека додека чекал пациентот да биде извршено доснимување во тој период се вршеле прегледи на веќе закажани пациенти.
Во истиот момент доаѓал болничар од шок соба за закажување на итен болнички пациент, па лицето И.И. мислел дека ќе биде внесен дополнителен пациент по што насилно се нафрлил врз болничарот, а технологот се обидел да ги оддели, при што и тој бил нападнат. На тоа реагирало клиничкото обезбедување, а потоа и полицијата, стои во соопштението од Клиниката за радиологија.
Од страна на полициски службеници сторителот бил приведен во Полициската станица во Кисела Вода. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Причина за ваквото однесување, соопшти денеска МВР, било поради презакажан рок за „мој термин“.
Подоцна, ЈЗУ Универзитетска кли