Пациент ја победил еболата

Саа Сабас, поранешен медицински работник од Гвинеа заразен е од ебола додека се грижел за друг пациент.
Епидемијата на ебола која веќе со месеци владее во западна Африка е една од најлошите која светот некогаш ја видел. Вирусот досега однел околу 1000 животи.Мртви ќе има уште бидејќи од Светската здравствена организација најавуваат дека вакцина против ебола ќе има дури во 2015 година.
Но, и покрај високата стапка на смртност која се движи  од 60 до 90 проценти, без никаков лек, постојат и такви кои ја преживеале еболата.
Саа Сабас, поранешен медицински работник од Гвинеа го поделил своето искуство од борбата со болеста. Раскажал дека е заразен со ебола дедека се грижел за друг пациент.
„Треската траеше два дена, а потоа третиот ден добив диареа. Тоа траеше четири дена, се додека седмиот ден не добив дизентерија. Потоа на самиот крај  почнав да икам и тоа траеше неколку дена. Во тојмомент бев многу загрижен. Се сеќавам дека грлото ме болеше толку многу што не можев да јадам.

 И претходно сум имал треска, но никогаш не сум имал диареа. Бев многу исцрпен. Меѓутоа, моментот со икањето ме преплаши- слушнав дека многу луѓе во оваа фаза на болеста  умреле“, раскажал  Саа.
Еболата се развива многу брзо, често предизвикувајќи внатрешно и надворешно крвавење, оштетување на органите и смрт.
Грижата пациентот да не дехидрира, борба со секундарни инфекции кога е потребно и одржување на пациентите во живот доволно долго за неговиот одбранбен систем да почне да се спротивставува на вирусот може во значајна мера да го подобри исходот.
По 13 дена болест, Саа ја преживеал еболата. Кога ја напуштил болницата, докторите му дале потврда дека повеќе не е болен за луѓето да не се плашат од него.Мртви ќе има уште бидејќи од Светската здравствена организација најавуваат дека вакцина против ебола ќе има дури во 2015 година.
Но, и покр

Пронајдете не на следниве мрежи: