Падна портокалов снег

Ваков феномен имало и во 2007 година, кога мистериозниот портокалов снег паднал на три региони во јужен Сибир.Прашината од песочната бура во Сахара доведе снегот во источна Европа да се обои портокалово, со што планинските региони во Украина, Русија, Бугарија и Романија се претворени во пејзажи слични на Марс.
Се верува дека необичните пејзажи се создадени од мешавина на честички од песок, прашина и полен, кои се помешани и собрани од бурите во северна Африка. Според метеоролозите, феноменот се јавува приближно на секои пет години.
Ски центрите во Русија и Романија се прекриени со прашина и песок од песочните бури во северна Африка.
-Со тоа што песокот се крева во погорните нивоа на атмосферата, се дистрибуира на друго место.“- вели Стивен Китс од временска прогноза на британската метеоролошка станица, за Гардијан .
 
На фотографијата од рускиот ски-центар Сочи се гледаат скијачите кои се спуштаат по портокаловите падини под портокалово небо.
Едно лице напиша „Марсовски пејзаж, Апокалипса денес.“
Ваков феномен имало и во 2007 година, кога мистериозниот портокалов снег паднал на три региони во јужен Сибир.
Прашината од песочната бура во Сахара доведе снегот во источна Европа да се обои портокалово, со што планинските региони во Украина, Русија, Бугари

Пронајдете не на следниве мрежи: