Триесет дена притвор за еден од осомничените во Фабриката за афери на СДСМ одредил Судија на претходна опстапка по барање на Обвинителството, потврдуваат од Судот за Press24. Покрај тоа, Обвинителот бара мерка притвор и За Захир Беќири Чауш кој доколку му биде одреден ќе мора од ќелијата во Идризово да се пресели во Истражниот затвор во Шутка.Захир Бекири Чауш кој е предводник на криминалната група задолжена за фалсификување на документи и тргување со незаконските снимки на Заев важи за истакнат член на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев. Истрагата се сомнева дека токму тој бил задолжен за тргување со незаконските снимки на Заев, а медиумите веќе објавија дека прислушуваните разговори се продавале и во Косово и останатите земји од регионот.
Останува нејасно како Чауш стигнал до овие снимки особено ако се знае дека лидерот на СДСМ во повеќе наврати имаше јасен став дека сите снимки кои ги поседува му ги предал на Специјалното обвинителство.
Одговор на прашањето се очекува од истрагата, која по вчерашната акција, како докази покрај незаконските снимки веќе поседува и печатарска преса на која најверојатно се штампале незаконските лични карти и пасоши од фабриката за афери но и поголем арсенал оружје и панцири, чија намена дополнително ќе се истражува. Во акцијата беа опфатени 10 лица а приведени петмина.Захир Бекири Чауш кој е предводник на криминалната група задолжена за фалсификување на документи и тргување со незаконските снимки на Заев важи за