27 годишна девојка од Лондон не успеала да го положи теоретскиот дел од тестот за возачка дозвола иако полагала 110 пати. Само за такса до сега уплатила 3.410 фунти (4.310 евра).Додека многу кандидати обично имаат потешкотии за полагање на практичниот дел од возачкиот испит, оваа Британка се мачи со теоретскиот дел.
Со 110 неуспешни обиди, таа го држи рекордот во Велика Британија. Второто место го зазема 30 годишник кој теоретскиот дел го полагал 86 пати.
Порсекот на положување на теоретскиот дел во Велика Британија изнесува 65,4 %.
Кога се работи за практичниот дел од испитот, Британците се нешто подобри. Рекордот го држи 40 годишен кандидат кој се обидувал да положи 37 пати. На крајот му успеало од тиесетиосмиот обид.
Какви се вашите искуства со полагањето на возачки испит?Додека многу кандидати обично имаат потешкотии за полагање на практичниот дел од возачкиот испит, оваа Британка се мачи со теоретскиот дел.



