Цените на акциите на Волстрит во средата паднаа, по податоците дека американската економија остварила пад во последното тромесечје од минатата година, што никој не го очекуваше.
Dow Jones ослабна за 0,32 отсто, на 13.910 поени, индексот S&P 500 падна за 0,39 отсто, на 1.501 поени, додека Nasdaq се намали за 0,36 отсто, на 3.142 индексни поени.
Благодарение на силниот раст од почетокот на годината, овој месец S&P 500 индексот би можел да забележи најсилен скок од октомври 2011 година, но вчера инвеститорите ги поколебаа слабите макроекономски показатели.Во периодот од октомври од декември бруто американскиот производ (БДП) падна за 0,1 отсто на годишно ниво, откако во претходниот квартал оствари раст од 3,1 отсто. Ова е најлош резултат од второто тромесечје во 2009 година кога заврши рецесијата.Економистите кои ги анкетираше Ројтерс очекуваа раст на активностите во просек од 1,1 отсто, но никој од нив не предвидуваше пад.И покрај се, не се очекува американската економија да влезе одново во рецесија, односно да оствари негативна стапка на раст два квартала по ред.По дводневниот состанок челниците на Фед порачаа дека економијата застанала, но најверојатно само привремено. Централната банка порача дека останува на досегашните програми за купување на обврзници се додека невработеноста во САД значително не се намали.И на европските берзи цените на акциите вчера паднаа. Лондонски FTSE ослабна за 0,25 отсто, на 6.323 поени, франкфуртски DAX беше во минус од 0,47 отсто, намалувајќи се на 7.811 поени, а парискиот CAC падна за 0,54 отсто, кој изнесуваше 3.765 поени.
МакфаксЦените на акциите на Волстрит во средата паднаа, по податоците дека американската економија остварила пад во последното тромесечје од минат