Граѓаните на Република Македонија не ја поддржуваат Тиранската платформа. Тоа го покажа и последната анкета на ИПИС од минатиот месец, во која се забележува пад на рејтингот на СДСМ, во споредба со рејтингот кој партијата го имаше во декември минатата година, кога се одржаа парламентарните избори.Според анкетата на ИПИС, кај граѓаните расте довербата во ВМРО-ДПМНЕ и рејтингот на партијата е зголемен.
За изборите во декември минатата година рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ бил 25,5 отсто, додека, според анкетата, сега изнесува 27,1 процент. СДСМ за предвремените парламентрани избори имале рејтинг од 24,4 остсто, а сега тој е 21,8 проценти. Кај сите партиите од албанскиот блог се забележува пад на рејтингот.
За ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат избори својот глас би го дале 34,3 отсто од етничките Македонци, а за СДСМ 24,3.
Намалениот рејтинг на СДСМ и албанските партии се само потврда дека граѓаните не сакаат и не го дале својот глас за постизборна платформа потпишана во соседна земја.
Само за потсетување, погледнете што се соддржи Тиранска платформа:
Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот
– Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ja засилува националната рамноправност за албанското население.
– Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.
– Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
– Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.
Постигнување економска рамноправност и општествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој
– Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
– Создавање министерство за политички систем и за односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и за поттикнување на економскиот и на социјалниот развој во неразвиените подрачја.
– Остварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
– Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.
Засилување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес
– Спроведувањето на реформите во согласност со договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
– Поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.
– Целосно расчистување на прашањата и на судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.
Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата
– Преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и на локално ниво.
– Создавање една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и на предавачи.
Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право
– Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името.
– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.
Добри односи со соседите
– Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
– Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
– Отворање на нови гранични премини.
Брза интеграција во НАТО и во Европската унија
– Исполнувањето на наведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија.Според анкетата на ИПИС, кај граѓаните расте довербата во ВМРО-ДПМНЕ и рејтингот на партијата е зголемен.
За изборите во декември минатата