Нешто навистина необично и несекојдневно се случи на мечот помеѓу Металург и репрезентацијата на Македонија.
Македонската аматерска фудбалска репрезентација се подготвува за квалификациите за ЕП во Литванија, а како дел од подготовките имаше закажано пријателски меч против Металург.
Мечот кој се играше во средата на теренот со вештачка подлога во Лисиче добро се одвиваше до 65-тата минута кога резултатот беше 3:3. Сепак, во тој момент, поради непрописно паркирање, Пајак службата почна да им ги крева автомобилите на оние кои ги оставиле на погрешно место.
Кога слушнаа за „пајакот“, фудбалерите на Металург и аматерската репрезентација го напуштија теренот во обид да ги „спасат“ своите автомобили. Вреди да се напомене дека овој натпревар не го доживеа крајот, бидејќи играчите не се вратија на теренот.Нешто навистина необично и несекојдневно се случи на мечот помеѓу Металург и репрезентацијата на Македонија.