Пакомак го постави првиот еко островВо насока на подигнување на еколошката свест и желбата да им излезе во пресрет на граѓаните во нивните напори за селектирање на отпадот, Пакомак денес го промовираше својот прв еко остров во рамките на Тинекс Зебра. Овие еко острови се замислени како места каде граѓаните ќе можат да селектираат хартија, пластика, стакло и лименки. Како што најавуваат од Пакомак ова е само почеток на една долга соработка помеѓу нив и супер маркетите Тинекс и Веро.
„Со овој наш прв еко остров сакаме да одбележиме серија на слични активности кои ќе се случат во текот на месец aвгуст низ сите општини на град Скопје. Нашата цел е да им овозможиме на граѓаните места каде ќе можат секојдневно да го одложуваат селектираниот отпад и тоа да стане дел од праксата на секој од нас. Свесни сме дека колку повеќе работиме во насока на организирање на вакви простори толку повеќе ќе ги стимулираме граѓаните и самите тие да направат нешто добро за себе и средината во која живееме“, вели Филип Ивановски, директор на Пакомак.
Според последните резултати Пакомак за 2015 година успеал да лиценцира односно евидентира 43.833 тони пријавен амбалажен отпад пуштен на пазарот од страна на нивните клиенти. Во истата година Пакомак организираше рециклирање на 15.567 тони отпад.
Пакомак согласно со законот за управување со отпад за пакување- не само што ги остварува туку и ги надминува поставените национални цели. Со ваквите резултати компанијата доби продолжување на дозволата за работа за следните 5 години со што им ја гарантира сигурноста на сите свои клиенти.Во насока на подигнување на еколошката свест и желбата да им излезе во пресрет на граѓаните во нивните напори за селектирање на отпадот, Пакомак де