„Пакомак“ и скопските кафулиња во еко акција за селективно фрлање на отпадот и негово понатамошно рециклирање

Компанијата Пакомак денес претстави нов систем за селективно фрлање отпад во угостителството, а кон акцијата досега се приклучија над 15 познати скопски кафулиња и ресторани. На овој начин, овие угостителски објекти ќе го дадат својот придонес кон општествено одговорното однесување и зачувувањето на животната средина и природните богатства на нашиот главен град. Акцијата ќе започне да се спроведува од денеска. Кафулињата и рестораните ќе бидат директно вклучени во овој проект, со тоа што во секој од нив ќе има три различни корпи со ознаки за стакло, пластика и хартија.  Персоналот во овие објекти ќе мора да се придржува до ова правило, а она што ќе треба да се направи е доста едноставно – по употребата, ќе треба да се фрлат амбалажите од пијалоците во корпата наменета за таков тип на амбалажа.
Компанијата Пакомак ги поканува сите да ги отфрлат лошите навики и со правилно селектирање на отпадот, совесно да ги зачуваат природните убавини на својот град.

 „Пакомак го направи првиот чекор и го поддржа угостителството во областа на одговорно однесување кон отпадот и негово селективно собирање. Преку оваа акција, сакаме да ја зголемиме свесноста кај луѓето дека за да го искористиме она што ни го подарила природата, мораме да почнеме одговорно да се однесуваме кон нашиот животен простор. Целта на овој проект е да создадеме здрави еколошки навики и едноставно, поубава средина за живеење за сите нас. Се надеваме дека оваа акција ќе биде успешна и ќе инспирираме и други угостителски објекти да ни се приклучат, како и дека овој проект ќе стане камен темелник на едно почисто и поубаво Скопје”- изјави директорот на Пакомак, Филип Ивановски.

 
 

„Ова е прв пат да учествуваме во ваков проект, но искрено се надеваме дека ќе успее и дека ќе почнат да го практикуваат и другите кафулиња, па потоа и луѓето во своите домови. Се надеваме дека управувањето со амбалажниот отпад ќе стане добра навика на сите Скопјани“ изјавија oд кафулињата и рестораните кои досега се приклучија на проектот.

 
Во последната година „Пакомак“ оствари над 20 проекти и акции кои постигнаа голем успех и со кои Пакомак се покажа како компанија која навистина придонесува за животната средина. Ова е уште еден проект од кој се очекува не само успех, туку и зголемување на свесноста кај граѓаните. Со селектирање на употребената амбалажа и нејзиното понатамошно рециклирање, ја чуваме природната убавина на нашиот град, на радост на сите нас и генерациите кои допрва доаѓаат.
 
Побарајте го знакот за Еко Кафе и бидете и вие дел од зелената мисија на Пакомак! Акцијата ќе започне да се спроведува од денеска. Кафулињата и рестораните ќе бидат директно вклучени во овој проект, со тоа што во секој од н

Пронајдете не на следниве мрежи: