Палачинки со мелено месо и зеленчук

Доколку сакате да подготвите нешто несекојдневно за ручек ви предлагаме да ги пробате овие палачинки со мелено месо и со зеленчукСостојки
200 грама брашно
375 мл млеко
Сол
3 јајца
По една црвена и зелена пиперка
Конзерва црвен грав (315 мл)
300 грама гранчиња целер
Главица кромид
400 грама мелено месо
2 лажици масло
бибер
12 грама кашкавал
2 лажици крем сирење
4 лажици путер
Подготовка
За палачинките изматете го брашното, млекото, јајцата и половина лажичка сол. Оставете го тестото да отстои 30 минути.
Исцедете го гравот. Измијте ги пиперките, исчистете ги, извадете ги семките и исечете на мали парченца. Измиете го целерот, исчистете го и исечете го на парченца. Исчистете го и ситно исечкајте го кромидот. Пропржете го меленото месо на масло. Додадете го кромидот и пиперката и динстајте заедно со месото околу 5 минути. Додадете го гравот и целерот, па загрејте го. Зачинете со сол и бибер.
Изрендајте го кашкавалот, па во смесата со местото додадете го крем сирењето и 2/3 од кашкавалот.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Испечете подебели палачинки на масло. Палачинките филувајте ги со мелено месо и свиткајте ги. Наредете ги во подмачкан калап, па одозгоре пресолете ги со останатиот кашкавал. Ако ви останало уште фил, распоредете го околу ролните. Печете ги палачинките на средина на рерната околу 20 минути, додека не добие златножолта боја.
Совет: Филот од мелено месо може да биде посочен ако му додадете 400 грама испасирани домати и евентуално лажица кисела павлака.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки
200 грама брашно
375 мл млеко
Сол
3 јајца
По една црвена и зелена пиперка

Пронајдете не на следниве мрежи: