Палестинските радикали ја запалија гробницата на библискиот патријарх Јосиф

Палестинските радикали синоќа со молотови коктели ја запалија третото по значење еврејско свето место, гробницата на библискиот патријарх Јосиф, која се наоѓа во близина на бегалскиот камп Балат, покрај градот Наблус на Западниот Брег, изјави портпаролот на израелската армија Петер Лернер.„Палестинците синоќа ја опожарија гробницата на Јосиф. Овој вознемирувачки акт е насочен против вредностите како слободата на вероисповест и слободното практикување на верски обреди“ – рече Лернер.
Тој изјави дека израелската армија ќе побара одговорност од виновниците и ќе ја обнови светињата.
Според израелските медиуми, во пожарот нема настрадани, но гробницата е оштетена.
Палестинската полиција и израелската армија соопштија дека е предизвикана значителна штета. Територијата околу гробницата на патријархот падна под административна и воена контрола на палестинските власти на почетокот на ’90-те години од минатиот век.„Палестинците синоќа ја опожарија гробницата на Јосиф. Овој вознемирувачки акт е насочен против вредностите како слободата на вероисповест и

Пронајдете не на следниве мрежи: