Паметен куфер кој ве следи каде и да одите!

Тешко ви е да влечете куфер? Тогаш, овој најнов изум е за вас.Израелската компанија NUA Robotics на овогодишниот саем во Лас Вегас ја претстави својата патна торба која не е потребно да се носе во рака или да се влече со себе. Оваа паметна торба ве следи вас.
Најпрво, потребно е торбата да се поврзе преку Bluetooth со телефонот, на кој е инсталирана посебна апликација.
Освен Bluetooth, паметната торба има и вградена камера со чија помош ве следи на рамни површини. Па така, во случај на кражба, сопственикот на торбата во секој момент со помош на апликацијата ќе може да го лоцира изгубениот багаж. За сега, постои само прототип на ваквите торби, но се очекува тој да добие и сериско произвоство, па веќе никогаш нема да мораме да носиме багаж.
Додека го следи својот сопственик, паметната торба служи и како полнач на електрични уреди, а има и аларм против кражби.
Од NUA Robotics порачуваат дека паметната торба на пазарот ќе биде достапна за околу година дена од сега.Израелската компанија NUA Robotics на овогодишниот саем во Лас Вегас ја претстави својата патна торба која не е потребно да се носе во рака или да

Пронајдете не на следниве мрежи: