Повеќето девојки се прашуваат дали мажите сакаат паметни или сексипилни девојки? Според многуте истражувања направени на оваа тема, се покажало дека мажите се плашат од паметни жени и доколку се во врска со нив, тие не можат да опстанат засекогаш, па затоа најчесто се насочуваат кон сексипилни девојки.
Но, зошто е тоа така? Првата причина е она непишано правило дека мажот е тој кој го носи лебот дома, па доколку жената е таа која има посилна професија и многу подобро платена од мажот, тоа може да предизвика проблем и кавги во врската. Втората причина е средината во која пораснале припадниците на посилниот пол, а и средината во која живеат. Доколку растеле во средина каде што мажот односно таткото бил пример за паметен и успешен човек тогаш и тие сакаат да ги следат неговите чекори. Доколку живеат во средина каде што секојдневно се опкружени со луѓе, ќе сакаат да се докажат и покажат пред нив дека тие се пример за паметен и успешен човек односно маж, наспроти својата жена.
Но, со развојот на општеството, денес и жената се вбројува меѓу паметни и успешни луѓе. Таа секојдневно со труд, знаење, искуства и работа, сака да си докаже себе си дека е способна да прави и други работи наспроти оние домашните. Секоја интелегентна жена е и убава жена. На прашањето, во какво друштво сакаат да седат мажите, дали во друштво на паметни жени или во друштво на сексипилни жени, 70 отсто од испитаниците одговориле дека сакаат да се во друштво на паметни жени.
Иако тие се плашат од паметни жени, сепак уживаат во нивното друштво, нивните разговори и сакаат да го слушаат нивниот начин на размислување за одредени теми. Тоа за нив е дополнителен сексипил и заводливост кај жената.
Па, затоа е најдобро кога има почитување помеѓу припадниците на двата пола. Наместо, мажите да се плашат од паметни жени тие треба да бидат среќни што се во нивно друшто и што токму таа паметна жена, ќе биде неговата најголема љубов и мајка на неговите деца.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Повеќето девојки се прашуваат дали мажите сакаат паметни или сексипилни девојки? Според многуте истражувања направени на оваа тема, се пока